Суши
Суши | |
Дел од оброкот | мезе, главно јадење |
---|---|
Место на потекло | Јапонија |
Регион | Југоисточна Азија |
Главни состојки | варен и суров морска храна, зеленчук, скиселен ориз |
Варијанти | повеќе |
Суши (すし, 寿司, 鮨) — јапонско јадење што се послужува со ориз комбиниран со различни производи како на пример морска храна (најчесто незготвена) зеленчук и понекогаш тропско овошје. Начинот на подготовка на суши може да биде на повеќе начини, но главната состојка е ориз (бел или интегрален). Најчесто се послужува скиселен ѓумбир, васаби и соја сос. Јадењето суши има кисел, горчлив и умими вкус.
Историја
[уреди | уреди извор]Сушито потекнува од југоисточна Азија, од јадењето познато кака наразуши (馴れ寿司, 熟寿司-солена риба) складирана во ферментиран ориз подолго време. Овој вид на суши станал популарен извор на белковини за Јапонците. Оцетот почнал да се користи како додато во нарезуши во Муромачи (1336-1573) со цел да се подобри изгледот и вкусот на јадењето. Примитивното суши било пронајдено во Осака, каде што после повеќе векови станало осши-суши; со овој начин морската храна и оризот се ставале во форма со дрвени (типично бамбусови) калапи. Сè до Едо периодот (1603-1868) кога свежата риби се сервирала над киселиот ориз. Сегашниот тип на нисиризуши стана популарен во Едо (модерн Токио) во 1820-те или 1830-те години. Една од честите приказни за потеклото на нигиризуши е од готвачот Ханаја Јохеи (1799-1858), кој ја подобрил техниката во неговата продавница Рјогоку во 1824 година. Порцијата била именувана од едоаме зуши што се користи за свежа риба од Едо-МАЕ (Едо или заливот на Токио).
Сушито во популарната кутура
[уреди | уреди извор]- „Сурово како суши“ (англиски: Raw Like Sushi) — музички албум на американската поп-пејачка Нене Чери (Neneh Cherry) од 1989 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|