Суровичево (општина)
Општина Суровичево Δήμος Αμυνταίου | |
---|---|
Пателе со Островското Езеро
| |
Податоци | |
Област: | Западна Македонија |
Округ: | Лерин |
Гео. област: | Сариѓол |
Население: | 17.652 (2021) |
Седиште: | Суровичево |
Нас. места: | 29 |
Пошт. бр.: | 532 00 |
Пов. бр.: | 23860-2 |
Портал: | amyntaio.gr |
Суровичево (грчки: Δήμος Αμυνταίου, Димос Аминдеу) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Суровичево (Аминдео). Општината ги опфаќа селата во најсеверниот дел на котлината Сариѓол (Кајларско Поле) околу Петерското и подрачјето на запад од Островското Езеро. Според традиционалното сметање, општината опфаќа дел од Леринско, помал дел од Кајларско и едно село од Костурско.
Населени места
[уреди | уреди извор]Општината Суровичево е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на шест стари општини: Суровичево, Ајтос и Чалџиево и општинските целини Мокрени, Лехово и Невеска.[1]
Општинска единица Ајтос
[уреди | уреди извор]Општинската единица е со седиште во Ајтос и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Ајтос
- село Ајтос (Αετός, Аетос)
- Општински оддел Горицко
- село Горицко (Αγραπιδιές, Аграпидиес)
- Општински оддел Долно Неволјани
- село Долно Неволјани (Βαλτόνερα, Валтонера)
- Општински оддел Зелениче
- село Зелениче (Σκλήθρο, Склитро)
- Општински оддел Љубетино
- Општински оддел Рудник
- село Рудник (Ανάργυροι, Анаргири)
- Општински оддел Свети Тодор
- село Свети Тодор (Черкезќој; Λιμνοχώρι, Лимнохори)
- Општински оддел Сребрено
- село Сребрено (или Сребрени; Ασπρόγεια, Аспрогија)
На територијата на општинската единица е и напуштеното Ново Село (Άνω и Κάτω Νέα Κόμη, Ано и Като Неја Коми).
Општинска единица Лехово
[уреди | уреди извор]Општинската единица има само едно населено место — селото Лехово (Λέχοβο).
Кон територијата на општинската единица Лехово е присоединет и атарот на некогашното село Врапчин (Χειμαδιό, Химадио), срушено во 1980 г.
Општинска единица Мокрени
[уреди | уреди извор]Општинската единица има само едно населено место — селото Мокрени (Βαρικό, Варико). Ова е единственото костурско село во општината.
Општинска единица Невеска
[уреди | уреди извор]Општинската единица има само едно населено место — селото Невеска (Νυμφαίο, Нимфео).
Општинска единица Суровичево
[уреди | уреди извор]Општинската единица ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Суровичево
- град Суровичево (Αμύνταιο, Аминдео)
- населба Аналипси (Ανάληψη) новосоздадено
- село Сотир (Σωτήρας, Сотирас)
- Општински оддел Долно Врбени
- село Долно Врбени (само Врбени или Екши Су; Ξινό Νερό, Ксино Неро)
- Општински оддел Горничево
- село Горничево (Κέλλη, Кели)
- Општински оддел Гулинци
- село Гулинци (Ροδώνας, Родонас)
- Општински оддел Петерско
- село Петерско (Πέτρες, Петрес)
- Општински оддел Пателе
- село Пателе (Άγιος Παντελεήμονας, Агиос Пантелејмонас)
- Општински оддел Спанци
- село Спанци (Φανός, Фанос)
- Општински оддел Церово
- село Церово (Κλειδί, Клиди)
Општинска единица Чалџиево
[уреди | уреди извор]До 20-те години на XX век селата имале исклучиво турско население, кое по Лозанскиот договор е иселено во Турција, а на негово место доаѓаат понтиски Грци. Опшинската единица Чалџиево со седиште во Чалџиево (Филотас) ги опфаќа следниве општински оддели населени места:
- Општински оддел Чалџиево
- село Чалџиево (Чалџилар; Φιλώτας, Филотас )
- Општински оддел Елевиш
- село Елевиш (Λεβαία/Λακκιά, Левеја/Лакија)
- Општински оддел Коларица
- село Коларица (Μανιάκι, Мањаки)
- Општински оддел Ќоселер
- село Ќоселер (Αντίγονος, Антигонос)
- Општински оддел Муралар
- село Муралар (или Моралар; Πελαργός, Пеларгос)
- Општински оддел Нови Град
- село Нови Град (Βέγορα, Вегора)
- Општински оддел Уклемеш
- село Уклемеш (или Келемез; Φαράγγι, Фаранги)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.
|
|