Страшниот суд (Микеланџело)
италијански: Il Giudizio Universale | |
Творец | Микеланџело |
---|---|
Година | 1536–1541 |
Вид | фреска |
Димензии | 13.7 см × 12 см |
Место | Сикстинска капела, Ватикан |
41°54′10″N 12°27′15″E / 41.90278° СГШ; 12.45417° ИГД |
Страшниот суд (италијански: Il Giudizio Universale) — фреска изработена од страна на италијанскиот ренесансен сликар Микеланџело, кој го покрива целиот ѕид на олтарот на Сикстинската капела во Ватикан. Фреската претставува опис на Второто пришествие на Христос и конечниот суд од Бога на целото човештво.
Изработката на фреската траела четири години помеѓу 1536 и 1541 година (подготовката на олтарниот ѕид започнала во 1535 година). Микеланџело започнал да работи на проектот дваесет и пет години откако го завршил таванот на Сикстинската капела и имал речиси 67 години кога го завршил. „Страшниот суд“ започнал во времето на папата Климент VII, но бил завршен во времето на папата Павле III.
Христос се наоѓа во средината, и тој гледа како ги раздвојува праведните од десната рака и грешниците од левата страна. Под него лево се грешниците, како и демоните, кои ќе ги мачат засекогаш. На десната страна се гледаат праведниците кои се искачуваат од своите гробови со помош на ангели за да живеат вечен живот на небото.
Веднаш до Христос е Ева, а околу него се светци, од кои повеќето умреле од маченичка смрт. Мачениците се насликани заедно со уредите кои ја предизвикале нивната смрт. Света Екатерина носи дел од тркалото, бидејќи била распната на тркало; Лаврентиј Римски ја држи решетката на која тој бил испечен жив; Свети Себастијан има стрели бидејќи неговото тело било прободено со стрела до смрт; Свети Вартоломеј ја држи сопствената кожа.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Страшниот суд (Микеланџело)“ на Ризницата ? |