Прејди на содржината

Сташ Скубе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сташ Скубе
Лични податоци
Роден(а) 15 ноември 1989(1989-11-15)(35 г.)
Ново Место, Словенија
Националност словенечко
Спорт Ракомет
Висина 1,79 m
Позиција Централен бек
Клупски податоци
Тековен клуб РК Вардар
Број 20

Сташ Скубе (словенечки: Staš Skube), (роден во Ново Место, на 15 ноември 1989) — словенечки ракометар.

Сташ е деснорак ракометар кој игра на позицијата на централен бек, организатор на играта, за ракометниот клуб Вардар и словенечката репрезентација.

Игра и кариера

[уреди | уреди извор]

2006-2013 Тримо Требње

[уреди | уреди извор]

Во 2006-2008 година почнал да игра во екипата на РК Тримо Требње од Требње. Во сезоната 2008-2009, ги постигнал првите два гола на меѓународен натпревар кога постигнал два гола во Купот на победниците на куповите на 18 октомври против Живинице.[1] Во сезоната 2009-2010, играле во Купот на ЕХФ и постигнал 12 гола на три натпревари.[2] Особено се покажал на 13 февруари на мечот против шпанскиот Арагон кога постигнал девет гола во победата на неговиот тим од 35 на 26.[3]

2013-2016 Горење Велење

[уреди | уреди извор]

Во 2013 година Скубе се преселил во Велење во РК Горење Велење и таму останал три сезони. Сите три последователни сезони биле пласирани на второ место на Словенечкото првенство и секогаш ги победувал РК Цеље од Цеље. Во сезоната 2013-2014 за првпат играл во Лигата на шампионите и постигнал 12 гола на 12 натпревари.[4] Во сезоната 2014-2015, РК Горење Велење играл во Купот на ЕХФ, а Сташ постигнал 81 гол во дванаесетте средби.[5] На 28 февруари, во мечот на домашен терен против швајцарскиот Винтертур, Скубе го постигнал својот рекорд на постигнати голови на меѓународни натпревари, 12 гола во победата од 35-26.[6]

2016-2018 Пик Сегед

[уреди | уреди извор]

Во 2016 година, неговиот договор со РК Горење Велење истекол и тој се преселил во странство, во Унгарија, во Пик Сегед.[7] Таму, меѓу другите играчи, го имал својот соиграч од Горење, Словенецот Марио Шоштарич. Во сезоната 2016-2017, повторно играл во Лигата на шампионите.

Во 2018 година од Пик Сегед Скубе се префрлил во македонскиoт првак РК Вардар, со кого во 2019 година ја освоил Лигата на шампионите во Келн.

Репрезентација

[уреди | уреди извор]

Со репрезентацијата на Словенија го освоил бронзениот медал на СП за играчи до 21 година во 2009 година. За сениорската репрезентација на Словенија има одиграно 17 натпревари и постигнато 32 гола.[8]

Семејство

[уреди | уреди извор]

Неговиот постар брат Себастијан Скубе е исто така успешен ракометар.

  1. „Cup Winners' Cup 2008-09 match: Živinice - Trimo (23-24)“. eurohandball.com (англиски). 18. oktober 2008. Архивирано од изворникот на 2017-10-14. Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Staš Skube profile for season 2009-10“. eurohandball.com (англиски). Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „EHF Cup 2009-10 match: Trimo - Aragon (35-26)“. eurohandball.com (англиски). 13. februar 2010. Архивирано од изворникот на 2018-07-29. Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Staš Skube profile for season 2013-14“. eurohandball.com (англиски). Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Staš Skube profile for season 2014-15“. eurohandball.com (англиски). Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „EHF Cup 2014-15 match: Winterthur - Gorenje (26-35)“. eurohandball.com (англиски). 28. februar 2015. Архивирано од изворникот на 2017-11-12. Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „Staš Skube se seli v Pick Szeged“. siol.net. 28. oktober 2015. Посетено на 24. November 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. „Словенецот Сташ Скубе е нов член на Вардар“. Рк Вардар. 28 јуни 2018. Архивирано од изворникот на 2019-06-07.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]