Прејди на содржината

Социјален конструкционизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Секоја личност создава своја „конструирана реалност“ што ги поттикнува нивното однесување.

Социјалниот конструкционизам или социјалната конструкција на реалноста (исто така социјален концепт) е теорија на познание во социологијата и комуникациската теорија која го проучува развојот на заедничките изградени разбирања за светот кои ја формираат основата на заедничките претпоставки за реалноста. Теоријата се центрира на тоа што човечките суштества го рационализираат нивното искуство преку создавањето на модели на социјалниот свет и споделувањето и реификацијата на овие модели преку јазикот.[1]

Дефиниција

[уреди | уреди извор]

Социјалната конструкција се однесува на значењето, поимот или конотацијата дадена на некој објект или настан од страна на општеството и усвоена од страна на жителите на општеството во однос на тоа како тие го гледаат или се справуваат со предметот или настанот. Според ова, социјалната конструкција како идеја е широко прифатена како природна од страна на општеството, но може или не може да претставува реалност заедничка и за оние кои се надвор од општеството и е "пронајдок или артефакт на тоа општество".[2]

Главен фокус на социјалниот конструкционизам е да ги открие начините на кои поединците и групите  учествуваат во конструкцијата на нивната перцепирана општествена реалност. Тоа вклучува истражување на начините на кои општествените феномени се развиваат, институционализираат, знаат и претвораат во традиција од страна на луѓето.

"Социјалниот конструкционизам прифаќа дека постои објективна реалност. Тој се занимава со тоа како знаењето е градено и разбирано. Затоа има епистемолошка а не онтолошката перспектива. Критиките и недоразбирањата се јавуваат кога овој централен факт погрешно е толкуван. Ова е најмногу евидентно во дебатите и критиките околу реализмот и релативизмот. Зборовите на Кирк и Милер се релевантни кога тие укажуваат на тоа дека потргата по конечна, апсолутна вистина се остава на филозофите и теолозите. Социјалниот конструкционизам става голем акцент на секојдневните интеракции помеѓу луѓето и како тие го користат јазикот при градењето на нивната реалност. Тој се фокусира на и ги испитува општествените практики во кои учествуваат луѓето".[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Leeds-Hurwitz, W. (2009). Social construction of reality. In S.Littlejohn, & K.Foss (Eds.), Encyclopedia of communication theory. (pp. 892-895). Thousand Oaks, CA: SAGE Publications, Inc. doi:10.4135/9781412959384.n344
  2. „Social constructionism Facts, information, pictures | Encyclopedia.com articles about Social constructionism“. Посетено на 2015-10-19.
  3. Andrew Tom 1999

Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]