Прејди на содржината

Сожалување

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сожалување — чувство на тага и сочувство предизвикано од страдање и несреќа на друг. Тоа е тага како реакција на чувствата на другите, а лицето кое чувствува сожалување најчесто ги нема истите чувства како сожалуваната личност. Може да се чувствува сожалување без сочувство. Всушност, сожалувањето би можело да значи дека не сте во иста емотивна состојба како сожалуваната личност.[1]

Сожалување за маката на сиромавиот старец

Самосожалувањето е сожалување насочено кон себе.

Се разликуваат два вида на сожалување: добронамерно и презирно. Со презирното сожалување, кое не е искрено и се користи за навреда, се тежнее да се искажат чувства на супериорност, омаловажување на другиот или презир.[2]

Психолозите забележале дека сожалувањето како чувство почнува да се јавува уште во раното детство - кога доенчето почнува да се идентификува со другите.[3]

Филозофски Проценки

[уреди | уреди извор]
  • Аристотел во своето дело Реторика наведува дека пред одредена личност да може да чувствува сожалување кон друго лице, прво мора да има пројдено слично патење.[4] Тој сожалувањето го дефинира како: „еден вид болка која се јавува кога гледаме очевидна уништувачка и болна мака на лице кое не ја заслужува, кога се очекува истото да го снајде и него, или некој близок, или кога таквата мака му изгледа неминовна.[4] За да едно лице почувствува сожалување, мора да верува дека другото лице не ја заслужило таа судбина.[4] Аристотел исто така ја дефинира трагедијата вид на имитирачка поезија која предизвикува сожалување и страв.[5]
  • Дејвид Хјум во својата „Расправа за човечката природа“ вика дека „сожалувањето е загриженост за ... бедата на другите" Продолжува дека сожалувањето „произлегува од замислата“. „Кога некој гледа несреќна личност, набљудувачот прво ги замислува неговите јадови, дури иако тој не се чувствува така“.[6]
  • Жан-Жак Русо смета дека сожалувањето е спротивно на љубовта кон другите и вика дека: Сожалувањето е природно чувство, кое и покрај неугодните емоции е корисна за многу нешта. Сожалувањето нѐ тера без размислување да им помогнеме на оние што ги гледаме во неволја; сожалувањето нѐ поттикнува да се придржуваме кон непишани закони, заслужна е за убавите манири, доблести; сожалувањето го попречува дивјакот да му го земе на кревко детенце или изнемоштен старец она што го стекнале со мака и тешкотија. [7]
Александар со сожалување гледа кон Дариј умрел од раните.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Емпатија, симпатија и сожалување – Доколку ги мешате овие поими имате ниска емоционална интелигенција“. srekja.mk. Архивирано од изворникот на 2021-10-31. Посетено на 2021-10-31.
  2. Stuff Pity!
  3. D Goleman, Emotional Intelligence (London 1995) p. 98-9
  4. 4,0 4,1 4,2 David Konstan (2001). Pity Transformed. London: Duckworth. стр. 181. ISBN 0-7156-2904-2.
  5. Aristotle. Poetics, section 6.1449b24-28.
  6. „A Treatise of Human Nature, by David Hume : B2.2.7“. ebooks.adelaide.edu.au. Архивирано од изворникот на 2020-09-06. Посетено на 2019-07-11.
  7. Rousseau, Jean-Jacques (2004). Discourse on the origin of inequality. Mineola: Dover. стр. 21.