Прејди на содржината

Смолари

Координати: 41°22′27″N 22°54′20″E / 41.37417° СГШ; 22.90556° ИГД / 41.37417; 22.90556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Смолари

Стара куќа во Смолари

Смолари во рамките на Македонија
Смолари
Местоположба на Смолари во Македонија
Смолари на карта

Карта

Координати 41°22′27″N 22°54′20″E / 41.37417° СГШ; 22.90556° ИГД / 41.37417; 22.90556
Општина Ново Село
Население 312 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27062, 27562
Надм. вис. 382 м
Смолари на општинската карта

Атарот на Смолари во рамките на општината
Смолари на Ризницата

Смолари или Смоларе — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.

Стара воденица во Смолари
Река во селото
Смоларски Водопад
Црква „Св. Троица“
ОУ „Мануш Турновски“

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Смолари се наоѓа во северното подножје на планината Беласица во областа позната како Подгорие. Селото е оддалечено 28 километри од градот Струмица во југоисточна насока и 6 километри од центарот на општината, Ново Село, на надморска височина од 382 метри. Јужно од селото се наоѓа реката Ломница, на која е расположен познатиот Смоларски Водопад, до кој се пристигнува преку екопатека. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот Водопад изнесува 39,5 метри.

Среде село порано се наоѓале два стари јавори, високи околу 30 метри. Денес е останат помладиот јавор, чија старост се проценува околу 300 години.

Историја

[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Името на селото е изведено од зборот „смолар“ или човек што се занимава со собирање смола.

За првпат во историските извори, ова село е споменето во пописот на населението од 1519 година. Во 1570 година селото е споменето во османлиски дефтер под името Свилани. Во истата година во селото живееле 12 христијански семејства[2].

Југославија

[уреди | уреди извор]

Пред Балканските војни, селото се наоѓало во состав на Петричката околија. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија

[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948852—    
1953918 7.7%
1961963 4.9%
1971986 2.4%
1981913−7.4%
ГодинаНас.±%
1991810−11.3%
1994628−22.5%
2002658 4.8%
2021312−52.6%

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година,Смоларе е наведено како село со 80 домаќинства и 298 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Смолари живееле 750 жители, сите Македонци[5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 784 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и функционирало бугарско училиште со еден учител и 31 ученици[3][6].

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[7]

Според пописот од 1971 година, Смолари имало 986 жители[8]. Намалувањето на 659 жители, според пописот од 2002 година, се должи на иселувањето на населението во западноевропските земји. Целокупното население во Смолари е сочинето од Македонци со православна вероисповед.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 659 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 312 жители, од кои 290 Македонци, 1 Србин и 21 лице без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 750 784 852 918 963 986 913 810 628 658 312
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1782 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 603 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
  • Костенијада

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 638-639.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 148-149.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 187.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186-187.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис во Македонија. - Книга 10“ (PDF). Посетено на 2013-05-01.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  17. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]