Слепчарен — планински врв и седло (превој) на планината Јабланица, во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.018 метри. Се наоѓа во крајниот северен дел на планината Јабланица по протегањето на нејзиниот срт на одделениот планински гребен Радуч, каде што претставува негова најјужна точка на билото на овој гребен. Со името Слепчарен поточно се именува стрмната источна падина на самиот врв со многу густа букова шума која се издигнува длабоката долина на Лакаица и седлото (превојот) кое се спушта од неа и овој врв и ги поврзува врвот Радуч на запад со врвот Стрмница (Луковски Камен) на исток. Самиот врв е доста стрмен и од неговата северна страна има сипар (камењар), а кон северозапад преку седло високо 2.013 метри е поврзано со највисокиот врв на гребенот Радуч. Самиот врв Слепчарен се наоѓа целосно внатре на територијата на Македонија, на оддалеченост на нешто повеќе од 500 метри од граничната линија која се простира на врвот Радуч и продолжува кон југозапад преку гребенот Острилци и врвот Чукнитапан.