Прејди на содржината

Скијачка патека

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скијачка патека во Серфаус, Австрија

Скијачка патека е специјално подготвена и означена снежна површина, патека, или планинска удолница наменета за скијање.[1]

Одржување

[уреди | уреди извор]

Патеките обично се одржуваат со помош на возила познати како снеготапкачи кои го набиваат или „ дотеруваат“ снегот за да се изедначат условите на патеката, за да се отстранат тумбите и да се прераспредели снегот со цел за да се продолжи скијачката сезона. На почетокот од сезоната или кога снежната покривка е мала кон природниот снег честопати се придодава и вештачки снег со машини за правење снег.

Рангирање

[уреди | уреди извор]

Обично, оценувањето на скијачките патеки го врши одморалиштето, а оценките се во однос на другите патеки во истото одморалиште. Така, патеките не се класифицирани според независен стандард и скијачите треба да бидат претпазливи.

Стрмнината на скијачките патеки обично се мери во степени (како процент) а не со степени од агол. Општо земено, падините за почетници (зелен круг) се помеѓу 6% и 25% степени. Средните падини (син квадрат) од 25% до 40%. Тешките падини (црн дијамант) се над 40%. Патеката се оценува според нејзиниот најтежок дел, иако остатокот од патеката може да е полесен. При оценувањето одморалиштето може да ја земе предвид ширината на патеката, најострите свиоци, грубоста на теренот и дали патеката е редовно уредена.

Оценки за тежина на скијачките патеки во Европа, со исклучок на Скандинавија
Рангирање на скијачките патеки Тежина Опис
Зелена Green За учење/почетник Само во Франција, Полска, Шпанија и Велика Британија .
Овие патеки обично не се обележани, и обично се големи, отворени, благо наведнати области во подножјето на скијачката област или се патеки меѓу главните патеки.
Сина Blue Лесна Обично секогаш се одржувани. Степенот на наклонот обично не надминува 25%.
Црвена Red Средна Пострмни или потесни од сините патеки, и обично се одржуваат, освен ако теснотијата на патеката не го дозволува тоа. Степенот на наклонот обично не надминува 40%.
Црна Black Напредно или експертско Стрмни, може но не мора да се уредуваат. Во Австрија, Италија и Швајцарија црните патеки скоро секогаш се уредени, затоа што неуредените патеки се означени како скијачки рути или маршрути (види подолу); во Франција, некои црни патеки се уредени, но повеќето не се. Црната скијачка патека може да биде класифицирана на повеќе начини, почнувајќи од незначително потешка падина од црвената, до многу стрмни падини како озлогласените Couloirs of Courchevel.
Портокалова Orange Екстремно тешка Само Австрија, Швајцарија и некои други области.

Само во некои области портокаловата боја се користи за обележување на патеки кои се потешки од црните.
Жолта Yellow Скијачка рута,


или



Рута за слободно скијање
Од неодамна многу области ги прекласифицираа некои црни падини во жолти падини. Станува збор за неуредени и непатролирани рути кои не се дел од скијачките патеки, но се обележани и заштитени од лавини. Познати вакви примери се областа Стокхорн во Цермат и падините Тортин во Вербие. Во Австрија, скијачките рути обично се означени со портокалови квадрати. Исто така, понекогаш ваквите патеки се обележуваат со црвена баклава или црвена баклава со црн раб кој означува уште потешка патека.
Портокалов квадрат Orange square
Црвена баклава Red diamond
Црвена баклава со црн раб Red diamond with black edges

Скандинавија

[уреди | уреди извор]

Во Норвешка, Шведска [2] и Финска,[3] се користи сличен систем на бои како и во остатокот од Европа, но со различни форми.

Оценки за тежина на скијачките патеки во Скандинавија
Писта рејтинг Ниво на тешкотија Опис
Зелен круг Green circle Многу лесна Наклон до 9° (16%).
Син квадрат Blue square Лесна Наклон до 15° (27%).
Црвен правоаголник Red rectangle Умерено тешка Наклон до 25° (47%).
Црн дијамант Black diamond Тешка Над 25° (47%) наклон. Троен црн дијамант, исто така, може да се користи во некои области.
Двоен црн дијамант Double black diamond Многу тешка
  1. „патека | Македонски.гов.мк“. makedonski.gov.mk. Посетено на 2022-10-11.
  2. „Nedfartsmarkeringar“. 2014-03-02. Архивирано од изворникот на 2014-03-02. Посетено на 2021-02-01.
  3. „Wayback Machine“ (PDF). 2014-03-02. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-02. Посетено на 2021-02-01.