Прејди на содржината

Систем на комплемент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Систем на комплемент

Систем на комплемент е дел од имунолошкиот систем кој ја засилува (надополнува) способноста на антителата и фагоцитите да ги отстранат микроорганизмите и оштетените клетки од организмот, да промовираат инфламација и напад на клеточната мембрана на патогенот. Дел е од вродениот имунолошки систем.

Системот на комплемент може да биде активиран по класична, алтернативна или лектинска патека.

Пат на активација Класичен Алтернативен Лектински
Активатор Ag–Ab комплекс спонтана хидролиза на C3 MBL-маноза комплекс
C3-конвертаза C4b2a C3bBb C4b2a
C5-конвертаза C4b2a3b C3bC3bBb C4b2a3b
Формирање на MAC C5b C6 C7 C8 C9