Прејди на содржината

Сиричино

Координати: 42°0′59″N 21°5′42″E / 42.01639° СГШ; 21.09500° ИГД / 42.01639; 21.09500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сиричино

Улица во Сиричино

Сиричино во рамките на Македонија
Сиричино
Местоположба на Сиричино во Македонија
Сиричино на карта

Карта

Координати 42°0′59″N 21°5′42″E / 42.01639° СГШ; 21.09500° ИГД / 42.01639; 21.09500
Општина Јегуновце
Население 399 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28075
Надм. вис. 507 м
Сиричино на општинската карта

Атарот на Сиричино во рамките на општината
Сиричино на Ризницата

Сиричино — село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Долни Полог, на територијата на Општина Јегуновце, чиј атар се издига со еден дел на планината Жеден. Селото е рамничарско на надморска височина од 390 метри. Од градот Тетово населбата е оддалечена 12 километри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Во селото нема поголеми стопански капацитети, па затоа поголем дел од населението работи во Тетово. Населението исто така се занимава со земјоделство, но повеќе како дополнителна отколку како примарна дејност. Како деловни субјекти во селото постојат: бензиска станица, млин за жито, ресторан покрај реката Вардар, обложувалница и неколку дуќани.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948720—    
1953762 5.8%
1961762 0.0%
1971641−15.9%
1981588−8.3%
ГодинаНас.±%
1991509−13.4%
1994435−14.5%
2002395−9.2%
2021399 1.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сиричино живееле 330 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Сиричино имало 320 Македонци, патријаршисти.[3]

По Балканските војни е забележано со 416 жители.[4]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Сиричино било село во Групчинска општина и имало 59 куќи со 520 жители, сите Македонци[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 395 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 399 жители, од кои 363 Македонци, 1 Албанец, 5 Срби и 30 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 330 320 720 762 762 641 588 509 435 395 399
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Сиричино е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Черенковци (5 к.) староседелци. Имаат иселеници во Тетово (три семејства)
  • Витановци (4 к.) староседелци.
  • Мирчевци (2 к.) староседелци.
  • Трајановци (2 к.) староседелци. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и во Белград (едно семејство)
  • Јанчевци (16 к.) доселени се од денес албанското село Бојане. Го знаат следното родословие: Ристо (жив на 70 г. во 1947 година) Мано-Велко-Јанчо-Пејо, еден од првите доселеници. Имаат кумови кои од Бојане прешле во селото Туденце. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство)
  • Павлевци (5 к.) имаат исто потекло како претходниот род. Го знаат следното родословие: Трпе (жив на 50 г. во 1947 година) Саве-Синадин-Павле, основачот на родот кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Скопје (едно семејство) и во Белград (едно семејство)
  • Николовци (5 к.) имаат исто потекло како претходниот род. Го знаат следното родословие: Коце (жив на 39 г. во 1947 година) Насто-Стојче-Јован-Никола. Имаат иселеници во Варвара (домазет) и во Белград (едно семејство)
  • Мартиновци (7 к.) имаат исто потекло како претходниот род. Го знаат следното родословие: Ристо (жив на 65 г. во 1947 година) Онче-Зафир-Стојче-Иван-Мартин, основачот на родо кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство)
  • Ѓоревци (15 к.) доселени се од денес албанското село Желино. Го знаат следното родословие: Ѓорги (жив на 23 г. во 1947 година) Трпко-Никола-Јосиф-Симјан-Ѓоро, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) и во Тетово (едно семејство)
  • Жуљевци (3 к.) доселени се од денес албанското село Церово. Го знаат следното родословие: Душан (жив на 35 г. во 1947 година) Спиро-Димитрија-Димо, се доселил таткото на Димо кој не памтат како се викал.
  • Брзаковци (4 к.) доселени се од денес албанското село Голема Речица. Го знаат следното родословие: Петруш (жив на 65 г. во 1947 година) Андро-Трпче-Стојко, кој се доселил.
  • Поречковци (10 к.) доселени се од некое село во областа Порече. Го знаат следното родословие: Трпко (жив на 65 г. во 1947 година) Александар-Ване-Илија, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (две семејства), Белград (едно семејство) и во Тител (едно семејство)
  • Богдановци (1 к.) потекнуваат од војник кој бил на служба во Сиричино, и потоа се оженил со некоја девојка од Сиричино, и останал како домазет. По потекло бил од кратовско
  • Призренец (1 к.) доселени се од селото Драјчиќи кај Призрен (Косово и Метохија)
  • Шарлевци (7 к.) доселени се од блиското село Озормиште, таму биле староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Скопје (едно семејство)
  • Валталовци (1 к.) потекло како и претходниот род.
  • Симуновци (1 к.) доселени се од селото Фалише, каде припаѓале на родот Коачовци.
  • Поречанци или Мицковци (1 к.) доселени се од селото Сараќино, каде имаат истоимени роднини.
  • Призренци (1 к.) доселени се од селото Долна Лешница, каде имале роднини, подалечно потекло имаат од селото Драјчиќи кај Призрен (Косово и Метохија)

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Во селото работи Основното Училиште „Даме Груев“ во кое се изведува настава од прво до четврто одделение.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2122 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на културен дом.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 354 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Црква „Св. Петка“ - Сиричино. Таа датира од XVI век или поточно од 1567 година. И покрај тешките услови под османлиското ропство црквата е обновена во 1641 година и од тогаш го носи името Света Петка. Црквата повторно била реновирана во 1884 година и реновирањето траело до 1893 година. Црквата Света Петка е една од најстарите во Тетовскиот крај и затоа после Втората светска војна е ставена под заштита на законот за заштита на споменици на културата[15].
  • Брце — некропола од доцноантичкото време. Источно од селото, во непосредна близина на селското училиште се откриени гробови градени од камени плочи и питоси
  • Матеички Дол - депо на средновековни монети. Во атарот на селото е откриено депо со бакарни византиски скифати од XIIXIII век. 163 монети се чуваат во збирката на Музејот на Македонија во Скопје, а според кажувањето на жителите, во депото имало повеќе монети што се растурени меѓу селаните[16]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
  4. Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
  5. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Нови сознанија за црквата Света Петка во сиричино, Тетовско, Културно наследство , 24-25/1997-98, Скопје 1999, 75-85
  16. Алексова Б., 1955а, 18

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]