Серж Пауелс
Серж Пауелс на Тур де Франс 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Серж Пауелс | ||
Прекар | Серџо[1] | ||
Роден | 21 ноември 1983 Лир, Белгија | ||
Висина | 1,78 м[1] | ||
Маса | 64 кг[1] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Професионални клубови | |||
2006–2008 2009 2010–2011 2012–2014 2015-2018 2019-2020 | Чоколад Жак-Топспорт Вландерен Сервело ТестТим Тим Скај Омега Парма-Квик Степ МТН Кубека Ванти-Гобер | ||
Значајни победи | |||
|
Серж Пауелс (холандски: Serge Pauwels; р. 21 ноември 1983) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2006-2020 за екипите Топспорт Вландерен, Сервело ТестТим, Тим Скај, Омега Парма-Квик Степ, Тим Дименжн Дата и ЦЦЦ Дивилопмент Тим.[2]
Кариера
[уреди | уреди извор]Кариерата на Пауелс започнала во 2004 во младинската екипа на холандската екипа Рабобанк. Исто така возел за нивната континентлна екипа во 2004 и 2005. Пауелс станал професионалец во 2006 со Чоколад Жак-Топспорт Вландерен, со кои возел и во 2007 и 2008. Пауелс го освоил планинскиот пласман на трката Тур Даун Андер 2007 и бил втор во шестата етапа на Тур де л’Авенир 2006 во Франција.
По три години со Омега Парма-Квик Степ, Пауелс објавил во септември 2014 година дека ќе се приклучи на МТН Кубека од 2015 година на две години.[3]
По четири години со Тим Дименжн Дата, Пауелс се префрлил во Ванти-Гобер за сезоната 2019.[4]
Образование
[уреди | уреди извор]Покрај велосипедизмот, Пауелс поседува диплома за инженерство и работи на неговата магистратура во областа на применетата економија.
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2003
- 5. Краен пласман ГП Гијом Тел
- 10. Трка околу Фландрија под 23 години
- 2004
- 9. Краен пласман Тур де Пиринеи
- 2005
- 5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години
- 7. Краен пласман ГП до Есте
- 2006
- 4. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 8. ГП де Валони
- 2007
- 1. Планински пласман Тур Даун Андер
- 2008
- 8. Краен пласман Тур де Валони
- 9. Меѓународен велосипедски трофеј Јонг Мар Мудиг
- 2012
- 9. Краен пласман Тур де л’Ен
- 1. Етапа 2b (ТТТ)
- 2015
- 2. Меѓународен друмски велосипедски предизвик
- 5. Краен пласман Трка околу Турција
- 2016
- 8. Трофео Сера де Трамунтана
- 9. Краен пласман Тур де Јоркшир
- 2017
- 1. Краен пласман Тур де Јоркшир
- 1. Етапа 3
- 2018
- 3. Краен пласман Тур де Јоркшир
- 8. Краен пласман Волта ао Алгарве
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 33 | — | — | 47 | 77 | 31 | — | — | — | — | — |
Тур | — | 107 | — | — | — | — | 13 | 42 | 19 | СО | 77 |
Вуелта | — | — | — | 24 | 31 | — | — | — | СО | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Серж Пауелс“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. Архивирано од изворникот на 2012-04-15. Посетено на 3 јануари 2014.
- ↑ Fletcher, Patrick (12 October 2020). „Pauwels calls time on 15-year career“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 12 October 2020.
- ↑ Бенсон, Даниел (20 септември 2014). „Pauwels falls for MTN-Qhubeka project“. Cyclingnews.com. Посетено на 10 октомври 2014.
- ↑ Ferri, Marco (24 December 2018). „CCC Team, Riccardo Zoidl prende il posto di Denifl e completa il roster“ [CCC Team, Riccardo Zoidl takes the place of Denifl and completes the roster]. SpazioCiclismo – Cyclingpro.net (италијански). Gravatar. Посетено на 2 January 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Серж Пауелс“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Серж Пауелс“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Серж Пауелс“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Серж Пауелс“. ProCycling.