Црква „Пресвета Богородица Перивлептос“ - Охрид
Света Богородица Перивлепта | |
---|---|
Црквата Пресвета Богородица-Привлептос во Охрид | |
Основни податоци | |
Место | Охрид, Македонија |
Припадност | православие |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | црква |
Архитектонски стил | византиска архитектура |
Пресвета Богородица Привлептос (Пресвета Богородица Севидна) — црква наоѓа во градот Охрид, изградена пред 1295 година. Фресконатписот во нартексот, покрај други личности, ги споменува Прогон Згур и годината на „подигањето“, односно живописот на црквата, 1295.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Подоцнежните историски податоци зборуваат за големиот углед што го имала црквата во текот на 15 век, особено кога регионот се наоѓал во составот на Османлиското Царство. Деволскиот епископ Григориј ја соѕидал и ја живописал (1364-1365) северната капела (посветена на Григориј Богослов), а потоа била соѕидана јужната капела (посветена на Свети Никола) и отворениот трем околу црквата каде што се насликани портретите на некои ктитори и на други современи историски личности. По уривањето на манастирската црква Свети Пантелејмон, во црквата Богородица Привлептос се пренесени моштите на Свети Климент (па затоа е наречена Климентова црква), а истовремено таа станала и седиште на охридските архиепископи и на „музејот на архиескопијата“ со својот печат (засега најстар на Балканот).
Архитектонски одлики
[уреди | уреди извор]Црквата има основа на византиските куполни цркви со впишан крст во правоаголен простор. Куполата во наосот се потпира врз четири слободни столба, а слепа слепата купола во нартексот на четири пиластри. Ѕидана е од камен, бигор и тули, а со нивна комбинација се подигнати различни декоративни површини (меандер, шаховско поле, рибина коска). Овој начин на ѕидање се заснова врз традицијата пренесена од византиската метропола, но црквата Богородица Привлептос, како и некои други во Македонија, укажуваат и на непосредни врски со градителството од 13 век во Епир.
Значење за историјата на уметноста
[уреди | уреди извор]Извонредните уметнички вредности на фреско-декорацијата и ризницата од икони на оваа црква заземаат истакнато место во науката. Врз основа на откриените потписи се знае дека фреските во 1295 ги извеле сликарите Михаил Астрапа и Евтихиј. Тоа се проминентни личности на ликовното творештво од крајот на 13 век и првите децении на 14 век на Балканот, а нивните дела по уметничкиот квалитет се рамни на современите остварувања во византиската културна метропола.
Извор
[уреди | уреди извор]- Енциклопедија на Југославија. книга (II / I македонско. изд.). Загреб: Југословенски лексикографски завод. стр. стр. Text "series
" ignored (help); Отсутно или празно |title=
(help)CS1-одржување: излишна интерпункција (link)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2010-10-06. Посетено на 2010-01-30.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Пресвета Богородица Перивлептос“ - Охрид на Ризницата ?
|