Свиркач
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Свиркач[1] е личност која ја предупредува јавноста за наводно нечесни или нелегални активности во владини оддели, јавни или приватни организации, или компании.[2] Таквите активности можат да бидат во различни форми, на пример кршење на законот, измама или корупција. Свиркачите можат да ги кажат своите наводи внатрешно (на други вработени во организацијата), или надворешно (на соодветни органи за спроведување на законот, медиуми или на посебни групи коишто се засегнати со тие проблеми).
Преглед
[уреди | уреди извор]Потекло на терминот
[уреди | уреди извор]Терминот свиркач доаѓа од зборот свирче (англиски: whistle). Граѓанскиот активист од Соединетите Американски Држави, Ралф Нејдер (англиски: Ralph Nader), го вовел овој термин во раните 1970-ти за да се избегне негативната конотација од зборовите доушник, поткажувач или кодош.[3]
Дефинирање
[уреди | уреди извор]Повеќето свиркачи се внатрешни свиркачи, односно информацијата за нечесните/нелегални активности ја изнесуваат на колега или претпоставен. Едно од поинтересните прашања во однос на внатрешните свиркачи е зошто и под кои околности луѓето би дејствувале на лице место за да го сопрат таквото неприфатливо однесување или да го пријават.[4] Има причина да се верува дека луѓето почесто би преземале вакви активноси доколку во организацијата во која што работат би постоеле апсолутно доверливи системи за жалба со поголем број на опции.
Надворешните свиркачи, пак, информацијата за нечесното/нелегално однесување ја доставуваат до личност или ентитет од надвор, коишто во зависност од сериозноста на информацијата можат да бидат адвокати, медиуми, органи за спроведување на законот или други локални, државни или федерални агенции. Во некои случаи, надворешното свиркање е поттикнато со парична награда.
Општи реакции
[уреди | уреди извор]Реакциите за предупредувањето широко варираат. Свиркачите најчесто се гледаат како несебични маченици кои се залагаат за јавниот интерест и организациска одговорност. Некои, пак, ги гледаат како „дезертери" или „предавници" кои сакаат само да добијат лична слава.
Многу веројатно е дека повеќето луѓе не ни помислуваат да предупредуваат, не само поради стравот од одмазда туку и поради стравот од влошување и губење на односите со личности од работа и надвор од неа.
Бидејќи во повеќето случаи свиркачите привлекуваат многу мало или скоро никакво внимание од медиумите, а од друга страна се ставаат себеси во ситуација да бидат прогонувани, верувањето во идејата дека тие сакаат лично да се прослават е доста намалено.
Прогонувањето на свиркачите стана сериозен проблем во многу делови од светот. Иако тие се заштитени со закон од одмазда на работодавачот, постојат многу случаи каде што свиркањето било казнето со отпуштање од работа, суспендирање, деградирање, скратување од плата и/или грубо малтретирање од страна на другите вработени.
Како мерка за заштита, многу приватни организации формираа фондови за правна одбрана и групи за помагање на свиркачите. Такви се, на пример, National Whistleblowers Center во Соединетите Амеркански Држави или Public Concern at Work во Обединетото Кралство.
Во зависнот од околностите, не е невообичаено свиркачите да бидат изолирани од нивните соработници и дискриминирани од идни работодавачи. Ваквата кампања, насочена кон свиркачите со цел нивно оттргнување од организацијата, се нарекува мобинг.
Познати случаи на свиркање
[уреди | уреди извор]Hewlett-Packard(HP)
[уреди | уреди извор]Оваа компанија била оптужена дека плаќа мито на владини советници за да ги рекламираат нивните производи при склучување на владини договори. HP ги негирале ваквите обвинувања, но биле приморани да исплатат 55 милиони долари.[5][6]
Oracle
[уреди | уреди извор]Paul Franscella, поранешeн вработен во Oracle, ја пријавил оваа фирма во 2007 бидејќи на владата не им биле дадени истите попусти за софтвер како и на комерцијалните корисници. По извршеното изтражување, американскиот оддел за правда започнал парница против Oracle.[7]
Autotrader
[уреди | уреди извор]Во 2010 година, интернет пазарот Autotrader е казнет со $400 000 бидејќи користел нелиценциран софтвер од Adobe, Autodesk Архивирано на 4 јуни 2012 г., Corel и Quest. Информацијата излегла на виделина кога еден свиркач ја објавил на мрежното место www.nopiracy.org.[8]
Apple
[уреди | уреди извор]Во 2010 година, анонимен свиркач открил дека одговорните лица во Apple биле запознаени со можниот проблем со антената на нивниот производ Iphone 4, што можело да доведе до ненадеен прекин на повик. Но и покрај предупредувањето од инженерот Ruben Caballero, одлучено e да се почне со продажбата.[9]
Trailblazer
[уреди | уреди извор]- главна статија: Trailblazer Project Архивирано на 3 јули 2012 г.
Томас Ендрјус Дрејк (Thomas Andrews Drake) е уште еден свиркач кој ја открил измамата за проектот Trailblazer, неуспех кој чинел една милијарда долари. Тој 10 години работел во националната агенција за безбедност (NSA) и го изкажал своето незадоволство со свиркање кога била извршена замена на стариот програм за собирање на податоци ThinThread со нов кој бил многу поскап и помалку безбеден.[10]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2012-06-05.
- ↑ http://www.answers.com/topic/whistleblower
- ↑ [Nader, Petkas, and Blackwell, Whistleblowing (1972).]
- ↑ Dealing with—or reporting—"unacceptable" behavior (with additional thoughts about the "Bystander Effect") Mary Rowe MIT, Linda Wilcox HMS, Howard Gadlin NIH (2009), Journal of the International Ombudsman Association 2(1)
- ↑ http://www.computerweekly.com/Articles/2010/08/03/242210/HP-pays-47m-to-settle-US-overcharging-case.htm
- ↑ http://www.computerweekly.com/news/1280093652/HP-pays-55m-to-settle-US-overcharging-and-bribery-claims
- ↑ http://www.computerweekly.com/news/1280093400/Oracle-accused-of-defrauding-US-federal-government
- ↑ http://www.computerweekly.com/news/1280093640/Whistleblower-costs-AutoTrader-400k-for-unlicensed-software
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-11-16. Посетено на 2012-06-05.
- ↑ http://www.climatesciencewatch.org/2011/05/22/thomas-drake-appearing-on-cbs-60-minutes-may-22-in-his-first-television-interview/