Свети Макариј Ерусалимски
Saint Свети Макариј Ерусалимски | |
---|---|
Епископ на Ерусалим | |
Роден(а) | непознато, |
Починал(а) | околу 335 |
Главно светилиште | Дел од реликвите на Свети Макариј, заедно со неговиот череп се наоѓаат во Капелата Свети Антониј во Пенсилванија |
Слава | 10 март |
Обележја | Bishop |
Свети Макариј Ерусалимски е христијански светец и Патријарх на Ерусалим во периодот од 316 до 335 година.
Свети Макариј е споменет од страна на Свети Атанасиј Велики, во врска со една дискусија која се водела против аријанството, и во која Макариј бил опишан како чесен човек, достоен на христовата вера. Во текот на 325 година, Света Елена, мајка на римскиот цар Константин Велики, отишла да го бара Вистинскиот крст во Ерусалим. Во нејзина придружба бил и Макариј Ерусалимски. Според Сократ Схоластик, по престигнувањето во Ерусалим, било откриено местото каде што Исус Христос бил распнат, односно на ридот Голгота. Во близина биле откриени и трите крста, на кои биле распнати Исус Христос и двајцата крадци, Димас и Гестас. За да се открие кој е всушност Вистинскиот Крст, Макариј Ерусалимски довел некоја болна жена, која по допирањето на еден од трите крста наеднаш закрепнала. Тоа било и знак дека крстот на Исус Христос бил пронајден. Од тогаш, се смета дека крстот е и официјалниот симбол на христијаните[1].
По откривањето, тој добил наредба директно од страна на Константин Велики, на тоа место да биде изградена црква, која денеска е позната како Базилика на Светиот Гроб.