Самоилово
Самоилово | |
Панорамски поглед на Самоилово | |
Координати 41°24′28″N 22°54′0″E / 41.40778° СГШ; 22.95000° ИГД | |
Општина | Ново Село |
Население | 235 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 312 м |
Самоилово на општинската карта Атарот на Самоилово во рамките на општината | |
Самоилово на Ризницата |
Самоилово — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Самоилово се наоѓа во подножјето на планината Огражден, на надморска височина од 230 метри. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 25 километри
Историја
[уреди | уреди извор]Самоилово е најмлада населба во Струмичкиот регион, основана во 1971 година од жителите на соседните села Бадилен (70 %) и Бајково (30 %).
Тоа го добило името според Цар Самоил, односно според тоа што во близина се случила познатата Беласичка битка од 29 јули 1014 година, водена помеѓу македонската војска на Цар Самуил и византиската на Василиј II[2]. Први жители и основачи на селото во 1971 година биле Костадин Митрев и Стојан Василев.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 348 жители, од кои 345 Македонци, 2 Срби и 1 останат.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 235 жители, од кои 218 Македонци, 1 Србин и 16 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | — | — | — | 285 | 360 | 370 | 348 | 235 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Во 1996 година била изградена црквата „Св. Богородица“, а селската слава се одбележува на 28 август.
Училиштето ОУ „Мануш Турновски“ со работа во 1973 година, а новата училишна зграда датира од 1986 година. Селото е електрифицирано, има водовод, а во близина поминува реката Василица.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1790 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 302 гласачи.[10]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Димка Митева. „Топонимијата на Струмичко“, Скопје, 1989, стр. 26 и 46.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|