Прејди на содржината

Руѓевит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прикажување на руѓевитод Адолф Бастијан, 1888 година

Руевит (Руѓевит) е сончев бог, особено почитуван од Западните Словени на островот Рујан, каде бил и неговиот храм. И кај него, слично како и кај Триглав и Световид, се обединети атрибутите на богот на сонцето и светлината и богот на војната. За него говори Сакс Граматик, велејќи дека неговиот идол имал седум глави и осум меча. Особено е важно што го споредува со Марс, со што се потврдува како бог на војната.[1]

Божество од локален или автономен карактер

[уреди | уреди извор]

Риевит (Руѓевит) е име на старословенски, најверојатно бог со локален карактер на островот Руен. Според А. Гојштнер Руевит, Поревит и Поренут се варијанти на Перун. Но, според некои други истражувачи се работи за автономно божество чија статуа изработена во дабово стебло претставувала бог со седум глави, во десната рака држел еден меч, а зад појас имал заденато седум меча. Освен овие забелешки Сакс Граматик овој бог го споредувал со римскиот бог Марс, што укажува на неговата воинствена природа. Сепак во природата на паганските богови биле и другите надлежности па постои можност дека тој претставувал заштитник на Руен кој подарувал напредок и плодност, но претставувал и хтонско божество.

  1. Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр. 208.

Кристена литература

[уреди | уреди извор]
  • Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.
  • Нина Анастасова - Шкрињариќ, „Словенска митологија’, 2004, Менора, Скопје, ISBN 9989-932-75-1
  • Вражиновски, Танас: Народна митологија на Македонците
  • Vasiljev, Spasoje: Slovenska mitologija