Прејди на содржината

Роберт Петров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберт Петров
Лични податоци
Роден на 2 јуни 1978(1978-06-02)(46 г.)
Роден во Куманово или Свети Николе, СР Македонија, СФРЈ
Висина 1.80 м
Позиција Одбрана
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997-1999 Ерџелија/Овче Поле
1999-2002 Победа 52 (1)
2002-2006 Локомотив 81 (2)
2006-2008 ЦСКА 26 (1)
2008 Пансераикос 1 (0)
2009-2010 Славија 31 (0)
2010-2012 АЗАЛ 55 (1)
2013–2014 Конелијано
2015 Спартак 5 (0)
2016 Бдин 7 (0)
2017 Локомотив 2 (0)
2017 Чепинец 14 (2)
2018–2019 Германеја 0 (0)
Репрезентација
2003-2011 Македонија Македонија 31 (0)
Тренер на екипи
2015–2016 Спартак
2016 Бдин (играч-тренер)
* Ажурирано на: 2019
** Ажурирано на: 11 октомври 2011

Роберт Петров (Свети Николе или во Куманово, 2 јуни 1978) — македонски поранешен професионален фудбалер кој играл на позиција одбрана. Петров бил македонски репрезентативец и остварил 31 натпревар. На клупско ниво, последен пат играл за бугарска Германеја.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Роберт Петров ја започнал својата кариера во клубот ФК Овче Поле. Во 1999 година, тој потпишал договор со ФК Победа, со која го освои Куп на Македонија 2001/02. Во јуни 2002 година потпишал за бугарскиот клуб Локомотив од Пловдив, кој бил бугарски првак во 2004 година. Во 2006 година Петров преминал во ЦСКА од Софија за сума од 150 000 . Во текот на сезоната 2006/07, тој заработил 28 настапи играјќи во бугарската Прва професионална фудбалска лига, постигнал еден гол и го освоил Суперкупот на Бугарија. Во следната сезона Петров не играл фудбал поради повреда.

Откако поминал шест години од својата кариера во Бугарија, Роберт Петров се преселил во Грција во јуни 2008 година, потпишувајќи договор со Пансераикос. По само шест месеци во грчкиот клуб, тој се вратил во Бугарија и на 19 февруари потпишал со Славија од Софија.

Клупска статистика (нецелосна)

[уреди | уреди извор]
Обновено на 4 декември 2012
Клупски настап Лига Куп Европа Вкупно
Сезона Клуб Лига Наст. Гол. Наст. Гол. Наст. Гол. Наст. Гол.
Азербејџан Лига Куп на Азербејџан Европа Вкупно
2010/11[1] АЗАЛ Премиер лига на Азербејџан 31 1 4 0 35 1
2011/12[2] 24 0 3 0 2 0 29 0
Вкупно Азербејџан 55 1 7 0 2 0 64 1
Севкупно 55 1 7 0 2 0 64 1

Меѓународна кариера

[уреди | уреди извор]

Тој го имал своето сениорско деби за Македонија во февруари 2000 година, на пријателски натпревар против СР Југославија и има стекнато вкупно 31 натпревар, притоа не постигнувајќи голови.[3] Неговиот последен репрезентативен натпревар бил во октомври 2011 година за време на Квалификациите за Европското првенство 2012 против Словачка.[4]

Победа
Локомотив
ЦСКА
  1. „10/11 Season“ (PDF). pfl.az. Архивирано од изворникот (PDF) на 8 јули 2013. Посетено на 8 мај 2023.
  2. „11/12 Season“ (PDF). pfl.az. Архивирано од изворникот (PDF) на 17 октомври 2013. Посетено на 8 мај 2023.
  3. Appearances for Macedonia National Team – RSSSF
  4. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 8 мај 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]