Роберт Лутер
Роберт Лутер Robert Luther | |
---|---|
Роден(а) | 16 април 1822 Швидњица, Полска |
Починал(а) | 15 февруари 1900 Диселдорф, Германија | (возр. 77)
Ментори | Јохан Франц Енке |
Познат по | 24 откриени астероиди |
Поважни награди | Лаландова награда (1852, 1853, 1854, 1855, 1859, 1860 и 1861) |
Карл Теодор Роберт Лутер (германски: Karl Theodor Robert Luther; 16 април 1822, Швидњица – 15 февруари 1900 Диселдорф) — германски астроном. Помеѓу 1852 и 1890 г. открил 24 астероиди работејќи во Диселдорфската опсерваторија.[1][2] Седум пати бил наградуван со Лаландовата награда.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е на 16 април 1822 г. во Швидњица (Швајдниц) во семејството на Август Лутер и Вилхелмина фон Енде. Отпрвин се образувал дома, а потоа завршил средно образование. Во 1841 г. се преселил во Вроцлав (Бреслау) каде учел до 1843 г.[3]
Во 1843 г. Лутер се преселил во Берлин за да изучува астрономија. Учел кај истакнатиот астроном Јохан Франц Енке и му помогнал во астрономските пресметки и составувањето на астрономски алманаг. Во 1850 г. станал помошник-набљудувач. Во 1851 г. Франц Бринов го поканил Лутер во Диселдорфската опсерваторија за да биде директор по него.[3]
Лутер се оженил за Каролина (мом. Маркер) и имале син Вилхелм. Починал во 1900 г. во Диселдорф по кратко боледување.[3]
Откритија
[уреди | уреди извор]Лутер открил 24 астероиди во периодот помеѓу 1852 и 1890 г.[1][2]
Две откритија имаат необични својства: 90 Антиопа, двоен астероид со еднакви составници, и 288 Главка, чие вртење е крајно бавно.
17 Тетида | 17 април 1852 |
26 Прозерпина | 5 мај 1853 |
28 Белона | 1 март 1854 |
35 Левкотеја | 19 април 1855 |
37 Фидес | 5 октомври 1855 |
47 Аглаја | 15 септември 1857 |
50 Виргинија[1] | 19 октомври 1857 |
53 Калипсо | 4 април 1858 |
57 Мнемозина | 22 септември 1859 |
58 Конкордија | 24 март 1860 |
68 Лето | 29 април 1861 |
71 Ниоба | 13 август 1861 |
78 Дијана | 15 март 1863 |
82 Алкмена | 27 ноември 1864 |
84 Клио | 25 август 1865 |
90 Антиопа | 1 октомври 1866 |
95 Аретуза | 23 ноември 1867 |
108 Хекуба | 2 април 1869 |
113 Амалтеја | 12 март 1871 |
118 Пејто | 15 март 1872 |
134 Софросина | 27 септември 1873 |
241 Германија | 12 септември 1884 |
247 Евкрата | 14 март 1885 |
258 Тиха | 4 мај 1886 |
288 Главка | 20 февруари 1890 |
|
Почести и награди
[уреди | уреди извор]Во негова чест се наречени астероидот 1303 Лутера и месечевиот кратер Лутер.[2][4]
Лутер ја добил Лаландовата награда дури седум пати: во 1852, 1853, 1854, 1855, 1859, 1860 и 1861 г.
Бил примен за член на Кралското астрономско друштво во јуни 1854 г.[5]
Во 1869 г. бил изработен спомен-медал по повод откривањето на 100-тиот астероид. На него во профил се претставени Џон Расел Хинд, Херман Голдшмит и Роберт Лутер.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Minor Planet Discoverers (by number)“. Minor Planet Center. 28 декември 2015. Посетено на 1 февруари 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Schmadel, Lutz D. (2007). „Dictionary of Minor Planet Names – (1303) Luthera“. Springer Berlin Heidelberg. стр. 107. doi:10.1007/978-3-540-29925-7_1304. ISBN 978-3-540-00238-3. Отсутно или празно
|url=
(help);|chapter=
е занемарено (help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 Plicht C.A. (2014). Luther, Karl Theodor Robert. In: Hockey T. et al. (eds) Biographical Encyclopedia of Astronomers. Springer, New York, NY.
- ↑ „Gazetteer of Planetary Nomenclature – Planetary Names: Crater, craters: Luther on Moon“. International Astronomical Union (IAU) Working Group for Planetary System Nomenclature (WGPSN). Посетено на 23 март 2016.
- ↑ Royal Astronomical Society (1899). „List of the Fellows of the Royal Astronomical Society“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. Spottiswoode & Company.
- ↑ „Mr. Bishop's Observatory“. The Illustrated London News. 55: 368,372. 9 октомври 1869.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Карл Теодор Роберт Лутер — Биографска енциклопедија на астрономите (англиски)
|