Разговор со корисник:Dalco26
... skopo ou tanta, alla emauton, eite ti therion on therion on tyghano polyplochoteron kai mallon epitethymenon, eite hemeroteron te kai aplousteron zoon, theias tinos kai atyphon moiras physei metechon...
— Phaedrus
|
Катица Кулавкова - промена
[уреди извор]Ве молам, кажете ми зошто ја извадивте врската со Ацо Шопов кога на таа страница е и наградата Ацо Шопов со линк кон сите добитници?
Самуил
[уреди извор]Здраво Далко, зошто си го вратил моето уредување во статијата тука? Tropcho (разговор) 11:02, 2 април 2014 (CEST)
- Ако сметаш дека има причина српскиот превод на Шарл Дил сепак да се користи во статијата, сподели своите причини на страницата за разговор. Од бележката на преведувачот е јасно дека Дил е користел поимот Бугарско царство, и т.н. за државата на Самуил, а не Македонско словенско и т.н. (кои се користени од преведувачот). Ти напомнувам дека решаването на спорови на википедија се постига со разговор. Види и тука. Tropcho (разговор) 00:52, 26 јуни 2014 (CEST)
- Те слушам. Зошто го врати одново преводот? Tropcho (разговор) 01:01, 26 јуни 2014 (CEST)
Григор Прличев
[уреди извор]Исто така, зошто си вратил уредувањата тука. Како администратор треба да знаеш дека секое уредување треба да биде објаснето. Tropcho (разговор) 11:07, 2 април 2014 (CEST)
- Здраво, видев што пак си ги вратил. Ако можеш да објасниш зошто, користи ја страницата за разговор, како што е обично на Википедија. Tropcho (разговор) 23:36, 13 јуни 2014 (CEST)
Здраво Далчо. Бидејќи ти си го правел шаблонот и повеќе се разбираш од историја објасни и на посочената личност за ваквото уредување тука. Поздрав--Никола Стоіаноски 13:23, 18 јули 2014 (CEST)
Уредувачки маратон
[уреди извор]Здраво, со задоволство Ве повикуваме на првиот уредувачки маратон организиран на тема „Земјите на Олимписките игри“ од страна на здружението „Споделено знаење“ составено од Википедијанци и насочено кон развивање на Википедија на македонски јазик. Маратонот ќе се одржи на 6 декември 2014 година (сабота) во интернет-кафулето „Хазард“ (види карта) со почеток од 13:00 часот, кој е предвидено да трае околу три часа. Повелете на дружба со останатите Википедијанци и заедничко уредување статии и збогатување на нашата Википедија. Поздрав--Ehrlich91 (разговор) 17:44, 30 ноември 2014 (CET)
Поздрав
[уреди извор]- Тогаш Исус им рече: Погодете вистината, и вистината ќе ве ослободи. Евангелие по Јована 8:32.
- Ние треба да ја кажуваме вистината и само вистината, но не и целата вистина. А една лага повторена сто пати, станува вистина. Јозеф Гебелс.Jingiby (разговор) 08:56, 31 јануари 2015 (CET)
Прашање
[уреди извор]Здраво Далчо. Дали ќе можеш да ме исконтактираш по маил? Поздрав--Никола Стоіаноски 17:59, 23 февруари 2017 (CET)
Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“
[уреди извор]Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91
Упад во Собрание
[уреди извор]Далчо, како човек кој огромно од времето решаваше контроверзни статии со бугарски корисници, те молам пристапи кон истото и за овие денешниве „политички“ теми, па затоа не остранувај содржина веднаш, повикај на дискусија, постави шаблони за внимание, се бара извор, како што постапив. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:55, 2 мај 2017 (CEST)
- Дечки. воведот е резиме на целата статија, нема потреба два пати да поставуваме исти навод.--Retrohead (разговор) 20:00, 2 мај 2017 (CEST)
Цар Самоил
[уреди извор]Само едно прашање/сугестија за статијата. Дали е во ред ако наводите од воведот се преместат во костурот на статијата? Вака со по десетина наводи на сред реченица личи крајно неестетски и тешко за читање бидејќи треба да се скокаат редови. Не ја спорам содржината или релевантноста на цитираните извори, само сугерирам објаснувањата за тоа кој бил, што бил, чив бил, да се објаснат во костурот, а воведот да ја сумира целата статија. Мислам дека се разбираме.--Retrohead (разговор) 11:22, 3 мај 2017 (CEST)
Ангел Чалаков
[уреди извор]Здраво Dalco. Корисникот Мико ја оспорува националноста на Ангел Чалаков (дали бил Македонец или Бугарин), па затоа ставив ознака „се бара извор“ за оспорената содржина. Поздрав.--Retrohead (разговор) 09:53, 5 јули 2017 (CEST)
Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија
[уреди извор]Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)
Уредувачки натпревар за вулкани
[уреди извор]Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:10, 4 декември 2017 (CET)
1000 статии што секоја Википедија мора да ги има
[уреди извор]Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)
Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018
[уреди извор]Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)
Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија
[уреди извор]Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)
Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019
[уреди извор]Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.
Да ги средиме статиите за државите во светот
[уреди извор]Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)
Нов уредувачки натпревар
[уреди извор]Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)
Ракомет
[уреди извор]Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)
Земи учество во СИЕ Пролет 2021
[уреди извор]Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)
въпрос
[уреди извор]Податотека:1920-1930, Смолян.jpg
Здравейте ме интересува имате ли информации за лицата на снимката? От архив ли е? АлександарЧетник (разговор) 18:06, 21 септември 2024 (CEST)