Радован Караџиќ
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Радован Караџиќ е српски психијатар,поет и политичар, прв претседател на Република Српска, па и еден од основачите и прв претседател на Српската демократска партија,во тогашно време демократска партија на Босна и Херцеговина. Роден е на 19 јуни 1945 година во Петњица, општина Шавник во Црна Гора. Имал три браќа и една сестра: Иванка, Лука, Иван и Радислав. Неговиот татко Вуко бил занаетчија,шивач и чевлар, но исто така свирел и неколку инструменти. Неговата фамилија влечи потекло од Косово и Метохија, но подоцна се преселиле кон Црна Гора. Основно училиште завршил во Никшиќ. Со свои петнаесет години заминал во Сараево каде што се запишал во средно медицинско училиште,а своето образование го продолжил и на медицинскиот факултет во Сараево, па потоа специјализирал невропсихијатрија. Дел од своето образование го поминал и во Соединетите Американски Држави. Се вработил во болницата во Сараево и бил специјалист за депресии. Претходно работел во центарот за образование на возрасни. Се оженил со Лилјана Зелен-Караџиќ и има две деца: Соња и Александар. По националност е србин, а по религиозна определба е православен христијанин. Својата прва книга ја напишал 1966 годин со наслов „Лудо копје“, а исто така ги напишал и делата:„Памтивек“, „Има чудо,нема чудо“, „Црна бајка“, „Патеките на детството“. Нешто подоцна во 1987 година бил притворен и поминал единаесет месеци во притвор со оптужување дека проневерил државни средства, но по недостатокот на докази тој е пуштен на слобода. Своето работење го продолжил во Белград, во клиниката на Вождовац, а воедно бил и психијатар на ФК Црвена Ѕвезда. Тука работи до 1987 година кога се враќа назад кај фамилијата во Сараево и почнува да работи во болницата во Сараево, откако пропаднале неговите планови своето семејство да го префрли во Белград, бидејќи неговата сопруга, исто така невропсихијатар, била одбиена од клиниката на Вождовац каде конкурирала за работно место. Официјално почнал да се занимава со политика во 1989 година кога ја основал „ Српската демократска партија“ , а во јули 1990 година бил назначен и за претседател на истата, а од вкупно 222 гласа тој добил 221 глас. Во текот на 1991 година, Радован Караџиќ, како член на координационото тело „Конвенции за Југославија“, всуштност тоа претставувале последните обиди за зачувување на Југославија, на чие чело стоел Драган Ѓокановиќ претседателот на „Демократската партија на федералистите“, се залагал за зачувување на демократизираните сојузни држави. Со оглед на тоа дека муслиманските и хрватските партии од Босна и Херцеговина биле против останување на Босна и Херцеговина во рамки на Југославија. Караџиќ заедно со други српски политичари од Босна и Херцеговина во 1992 година решава да ја оформи Република Српска, во Босна и Херцеговина, со што би им се овозможило на србите во Босна и Херцеговина да останат во рамките на Југославија. Радован се сметал за смирен,сталожен,слаткоречив и многу добар преговарач. Избран е за претседател на Република Српска на 12 мај 1992 година и на таа функција останал сè до 30 јуни 1996 година. Под притисок на тогашните белградски власти и светските водачи, Радован бил приморан да го прифати Венс-Овеновиот мировен план на собирот во Атина, кој план подоцна го одбило Народнато собрание на Република Српска. Овој мировен план значел делење на Босна и Херцеговина на десет покраини со цел србите да не можат да состават своја држава. По одбивањето на овој договор дошло до тотална блокада на Република Српска со Сојузна Република Југославија, по што Караџиќ преку посредникот Михајло Михајловиќ преговарал со Фрањо Туџман за соработка во Босна и Херцеговина. Се зборувало дека Република Српска од Хрватска добива гориво и пари, но за возврат Караџиќ требало да спречи соединување на Република Српска, Република Српска Краина и на Сојузна Република Југославија, како и да останат воено неактивни во идниот напад над градот Книн. Радован не бил дел од делегацијата на Сојузна Република Југославија на дејтонските мировни договори. Самиот Караџиќ во 1996 година, под притисок од Слободан Милошевиќ, претседателот на Србија, го напушта политичкиот живот и своите претседателски обврски ги префрла на потпретседателката на Република Српска Билјана Плавшиќ. Во периодот на неговото владеење се случил еден од најголемите масакри по завршувањето на втората светска војна, а тоа бил масакрот во Сребреница. Според различни податоци варираат бројки од околу пет илјади до осум илјади мртви. Тоа е воено злосторство кое се одвивало помеѓу 11 јули и август 1995 година. Во овој период Војската на Република Српска и паравоените српски формации (шкорпиони) убиле неколку илјади муслимани,мажи,на територијата на Сребреница. Радован Караџиќ заедно со генералот на ВРС, Ратко Младиќ, ја предводеле оваа борба, за како што вели Ратко Младиќ, освета на Турците за извршените злосторства во минатото, со што како поклон на србите им го дава градот Сребреница. Поддржувачите на Радован Караџиќ, меѓу кои се вбројува и професорот Коста Чавошки, ги отфрлаат обвинувањата, посочувајќи дека токму тој немал командна одговорност и дека издал повеќе команди за почитување на воените права. Хашкиот Трибунал најпрво на 24 јули и потоа на 16 ноември 1995 година, издал обвинувања против Радован Караџиќ и начелникот на генералштабот на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ. Хашкиот Трибунал го обвинува Радован Караџиќ по единаесет точки и тоа:
· 6 обвинувања за геноцид, соучество во геноцид, злосторства против човештвото, кршење на законите и обичаите на војувањето и тешки повреди на Женевската конвенција од 1949 година ( намерно убивање)
· За протерување на политичка, расна и верска основа и други нехумани дејствија, насилно преселување – депортација
· За насилно принесување на терор меѓу цивилите и држење на заложници
За пронаоѓање на Радован Караџиќ, Интерпол распишал потерница, а владата на САД нудела пет милиони долари за помош при наоѓањето на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.Сопругата на Радован го повикала да се предаде бидејќи биле доведени на работ на егзистенцијата таа и неговата фамилија. Како една од причините за негово успешно прикривање од 1996 година до 2008 година се наведува можниот договор помеѓу Радован и Ричард Холбрук, тогашниот одговорен американец за балканот. При неговото прво појавување пред Хашкиот Трибунал тој изнел една теза во која тој вели , причината поради која тој не се предал во периодот помеѓу 1996 и 1998 година бил токму Холбрук, кому не му верувал и мислел дека директно ќе биде ликвидиран без можност за појавување пред трибуналот во Хаг. Караџиќ по официјални информации бил уапсен на 21 јули 2008 година во автобус кој се обраќал на релација Нов Белград-Батајница, но според неговиот адвокат тој бил уапсен три дена порано на 18 јули, без можност да види кој го уапсил, директно бил спроведен во притвор на место кое што не му било познато бидејќи не видел каде го носат. При неговото апсење тој не пружал отпор. Во интервју за Радио Холандија во февруари 2011 година, Радован изјавил дека би сакал Србија да има некаков профит од неговото апсење, но Република Србија од неговото апсење не добила никаква корист. Во текот на последните пет години поминати во бегство, Радован Караџиќ, се претставувал со лажен идентитет како извесен Драган Дабиќ. Тој имал добиено своја лична карта издадена во Рим, со различна слика, но со сите останати податоци исти. Тој изградил нов, непрепознатлив имиџ, со коса фатена во репче,долга брада и очила. Под лажното име тој имал неколку јавни настапи, па дури напишал и дело под наслов „Здрав живот“. Се претставувал како доктор Драган Дабиќ, доктор по психологија и биоенергија. Исто така имал и свое мрежно место кој бил уредно регистриран. Тој имал и свои јавни настапи на кои зборувал за биоенергија и собирал од 200 до 400 луѓе. Зборувал со одличен спрски акцент без воопшто да се забележи дека не е србин. Тој е доста наградуван како писател, па дури ја добил и наградата „Михаил Шолохов“ од Русија за придонес во развитокот на словенската литература. По потпишувањето на одлуката за испорачување од страна на министерката за правда на Република Србија, Снежана Маловиќ, во согласност со законот за соработка со Хашкиот трибунал, Радован Караџиќ на 30 јули 2008 година утрото околу три часот и четириесет и пет минути е изнесен од зградата на основниот суд во Белград и транспортиран е до белградскиот аеродром Никола Тесла. Најпрво бил транспортиран од Белград до Ротердам со авион на владата на Република Србија, а потоа со хеликоптер е транспортиран до затворот во Шевенинген. Радован Караџиќ првпат пред очите на Хашкиот трибунал е изнесен на 31 јули 2008 година, а со него заседавал судијата Алфонс Ори од Холандија. Караџиќ објавил дека сака да се брани сам, а главниот тужител, Серж Брамерц, изјавил дека тужбата ќе биде ревидирана. Судијата Ори прифатил Радован Караџиќ да се изјасни во врска со кривицата во законски рок од триесет дена, а следната седница ја закажал за 29 август 2008 година. Самиот Караџиќ тоа време го искористил за да ги подвлече нерегуларностите во врска со неговото апсење во Белград, бидејќи тој бил уапсен три дена порано, за разлика од она што го обелодениле пред јавноста. Покрај тоа изјавил и дека планирал да му се предаде на Хашкиот трибунал во периодот од 1996 до 1998 година, но тоа не го извршил од страв за својата безбедност по договорот склучен со тогашниот одговорен американец за балканор Ричард Холбрук. Како и во претходните прилики, така и во овај случај, американецот Ричард Холбрук изјавил дека не дошло до никаков договор помеѓу него и Радован Караџиќ, а тоа било и официјално потврдено од Стејт департментот.На 24 марти 2016 година, Хашкиот трибунал го осудил Радован Караџиќ на четириесет години затвор. Тој исто така и во 2005 година од страна на тогашниот претседател на Република Српска , Милорад Додик, дека Радован Караџиќ во 1997 година од трезорот на Народната Банка на Република Српска украл триесет и шест конвертибилни марки(КМ), но по оваа изјава не била започната никаква истрага. Во народот на Република Српска, Радован Караџиќ сè уште ужива голем углед. Во една анкета изведена во 2004 година , во Република Српска, мнозинството од испитаниците изјавиле дека во Радован Караџиќ гледаат неправедно обвинет херој, а не воен злосторник.