Прејди на содржината

Радлер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споредба на Радлер (лево) и Пилснер (десно)

Радлер е пиво, измешано со бистар газиран пијалак од сортата на лимон и лимета (како што се Спрајт или 7-Ап). Во ЕУ, Велика Британија, Нов Зеланд и Австралија, оваа чисто лимон-лимета сода се нарекува "лимонада". Пропорциите на двете состојки се прилагодени на вкус, но се често половина лимонада и половина пиво. Радлер или Шанди се популарни во Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд.

Во некои јурисдикции, ниското ниво на алкохолот во овие пијалаци ги прави ослободени од законите со кои се регулира продажбата на алкохолни пијалаци. Безалкохолните шанди или радлер се познати како "рок шандии".