Припишмински Бори
Припишмински бори | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Место | Свердловска област Русија |
Најблизок град | Екатеринбург |
Површина | 490 км² |
Воспоставен(а) | 1993 година |
Припишмински Бори (руски: Припышминские Боры) — национален парк во Русија . Припишминските шуми се наоѓаат во југозападниот агол на Западносибирската Низина. Паркот штити комплекс од борови и брезови шуми. Околу 10% од површината на паркот се состои од мочуришта, бари, утрини и пасишта. Паркот се наоѓа во Свердловската област, 150 км источно од Екатеринбург и 110 км западно од Тјумењ. Транссибирската железница поминува низ два дела од паркот.[1]
Топографија
[уреди | уреди извор]Припишмински Бори националниот парк е поделен на две секции. Талицката секција, се наоѓа на десниот брег на реката Пишма, југоисточно од градот Талица . Тоа е релативно рамна шума со борови, смреки и ариш. Другата секција, Тугулимска, се наоѓа на 32 км североисточно, во Тугулимскиот дистрикт. Зафаќа предел побогат со мочуришта и плавни ливади на реката Пишма, со шума од ариш, ела и кедар.[2] Во повисоките предели се среќаваат и борови шуми.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во националниот парк Припишмински Бори е умереноконтинентална клима ( Кепенова класификација на климата Dfb), која се одликува со големи сезонски температурни разлики, со топли и жешки(често влажни) лета и студени (понекогаш многу ладни) зими. Врнежите се релативно добро распоредени во текот на целата година; просечната количина на врнежи се 432 mm.[3]
Припишмински Бори, Свердловск, Русија Климатограм | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Ј | Ф | М | А | М | Ј | Ј | А | С | О | Н | Д |
0,8
10
−5
|
0,6
14
−3
|
0,6
27
9
|
0,9
48
29
|
1,5
64
41
|
2,1
74
52
|
3,1
76
56
|
2,4
71
52
|
1,7
60
42
|
1,3
43
29
|
1,1
26
13
|
0,9
13
−1
|
Прос. мин. и макс. температура во °C Вкупно врнежи во мм |
Екорегион
[уреди | уреди извор]Припишмински Бори е дел од екорегионот на Западносибирската тајга (WWF ID # 611), регион кој се одликува со четинарски шуми со бор, смрча и ариш.[4] Слатководниот екорегион е класифициран како „Басен на реката Об“ (FEOW ID # 602) и се одликува со рамничарско речна топографија, континентална клима и бројни видови слатководни риби како штука, чиков и белица.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Pripyshminskie Bora National Park“. FGBU Pripyshminskie Bora. Посетено на 31 декември 2015.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Pripyshminskiye Bor“. Wild Russia. Посетено на 31 декември 2015.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Climate of Pripysminskie forest“. GlobalSpecies.org. Архивирано од изворникот на 14 ноември 2016. Посетено на 31 декември 2015.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Western Siberian Taiga“. GlobalSpecies.org. Архивирано од изворникот на 6. 03. 2016. Посетено на 31 декември 2015.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „Ob River Deainage Ecoregion“. Freshwater Ecoregions of the World (FEOW). Посетено на 31 декември 2015.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)