Прејди на содржината

Претсократовци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Претсократовци — збирен назив за филозофите што делувале пред Сократ или негови современици, но изложувајќи сфаќања формирани пред тоа. Изразот води потекло од делото Die Fragmente der Vorsokratiker (Фрагментите на претсократовците, 1903) од Херман Дилс.

Понекогаш е тешко да се одреди линијата на аргументирање на некои претсократовци со кои ги излагале своите гледишта. Додека највеќето од нив пишувале значајни дела, ниедно од тие дела не е зачувано во целост. Сѐ што имаме се само нивни циирања од страна на подоцнежни филозофи и историчари и по некој писмен фрагмент.

Претсократовците ги отфрлале традиционалните митолошки верувања за природните појави во нивното окружување и барале порационални објасненија. Многу од нив ги поставувале прашањата:

  • Од каде потекнува сѐ околу нас?
  • Од што е сѐ создадено?
  • Како да си ја објасниме многубројноста на нештата во природата?
  • Како да се претстави природата математички?

Други пак се задржале на дефинирање на проблеми и парадокси кои станале основа за подоцнежните математички, научни и филозофски изучувања. Се разбира, треба да се спомне дека космологиите на раните грчки филозофи денес се преработени со гледишта засновани на научни факти. Подоцнежните филозофи ги отфрлиле многу од одговорите на претсократовците, но и понатаму продолжиле да оддаваат значење на прашањата со кои тие се занимавале.

Список на филозофи и школи

[уреди | уреди извор]

Еве список на претсократовски филозофи и движења (постојат мали варијации):

Талес (624-546 п.н.е.)
Анаксимандар (610-546 п.н.е.)
Анаксимен од Милет (585-525 п.н.е.)
Питагора (582-496 п.н.е.)
Филолај (470-380 п.н.е.)
Алкмеон од Кротон
Архит (428-347 п.н.е.)
Ксенофан (570-470 п.н.е.)
Парменид (510-440 п.н.е.)
Зенон од Елеја (490-430 п.н.е.)
Мелис од Самос (C.470 п.н.е.-?)
Емпедокле (490-430 п.н.е.)
Анаксагора (500-428 п.н.е.)
Левкип (V век п.н.е., не се знае поточно)
Демокрит (460-370 п.н.е.)
Протагора (481-420 п.н.е.)
Горгија (483-375 п.н.е.)
Тразимах
Каликле
Критија
Продик (465-390 п.н.е.)
Хипија (485-415 п.н.е.)
Антифон (480-411 п.н.е.)
Ликофрон
Анонимус Јамблики

Други групирања

[уреди | уреди извор]

На овој список има неколку личности, особено Седумте старогрчки мудреди кои биле практични политичари и извори на епиграматичка мудрост, наместо шпекулативни мислители или филозофи во денешна смисла.

Солон (~ 863 п.н.е.)
Хилон од Спарта (~ 560 п.н.е.)
Талес (~ 585 п.н.е.)
Бија од Приена (~ 570 п.н.е.)
Клеобул од Родос (~ 600 п.н.е.)
Питак од Митилена (~ 600 п.н.е.)
Периандар (625-585 п.н.е.)

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Burnet, John, Early Greek Philosophy, Meridian Books, New York, 1957
  • Colli, Giorgio, The Greek Wisdom (La Sapienza greca, 3 тома. Milan 1977-1980)
  • Kirk, G.S., Raven, J.E. & Schofield, M., The Presocratic Philosophers (Второ издание), Cambridge University Press, 1983
  • Nahm, Milton C., Selections from Early Greek Philosophy, Appleton-Century-Crofts, Inc., 1962
  • De Vogel, C.J., Greek Philosophy, Том I, Thales to Plato, E.J. Brill, Leiden, 1963
  • Diels, Hermann, Die Fragmente der Vorsokratiker, 6-то издание, преработка: Walther Kranz (Berlin, 1952).