Прејди на содржината

Претседател на Француската Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Претседател на Франција)
Претседател на Француска Република
Président de la République française
Функционер
Емануел Макрон

од 14 May 2017 г.
Извршна бранша на француската политика
Звање
  • Господин Претседател (неформално)
  • Негова Екселенција[1] (меѓународна преписка)
СтатусШеф на државата
Членува во
СедиштеЕлисејска палата
SeatПариз
ПредлагачНајмалку 500 избраници
НазначувачДиректно гласање (две рунди ако е потребно)
Мандатпет години, можност за уште еден реизбор
Основачки документУстав на Петтата Република
Создадена
Прв функционер
Плата179.000 годишно [2]
Мреж. местоelysee.fr (in French)

Претседател на Француската Република (француски: président de la République française) — шеф на државата Франција кој истовремено ги извршува највисоките функции на извршната власт на Републиката.

Моќта, функциите и должностите на претходните претседатели, како и нивниот однос со премиерот и владата на Франција, со текот на времето се менувале во согласност со важечките уставни документи после Француската Втора Република. Претседателот на Француската Република, исто така, е поранешен копринц на Андора, Голем мајстор на Легијата на честа и на Националниот ред за заслуги. Претседателот исто така е почесен прото-канон на базиликата Свети Јован Латеран во Рим, иако во минатото некои ја отфрлиле оваа титулата.

Сегашен претседател на Француската Република е Емануел Макрон, кој го наследил Франсоа Оланд на 14 мај 2017 година.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Функцијата претседател на Франција првпат била јавно предложена за време на Јулската револуција од 1830 година, кога му била понудена на маркизот Лафајет. Тој се откажал во корист на принцот Луј-Филип, кој станал крал на Французите. Осумнаесет години подоцна, за време на фазите на отворање на Втората Република, титулата била создадена за еден народно избран шеф на државата, од кои прв бил Луј-Наполеон Бонапарт, внук на царот Наполеон. Бонапарт бил во таа улога, додека самиот тој не извршил државен удар против републиката, прогласувајќи се себеси за Наполеон III, император на Французите.

Во рамките на Третата Република и Четвртата Република, кои биле парламентарни системи, канцеларијата на претседателот на Републиката била во голема мера церемонијална и без моќ. Уставот на Петтата Република во голема мера ги зголемила овластувањата на претседателот. Референдумот од 1962 година го сменил уставот, така што претседателот бил избран со директно гласање на граѓаните со право на глас, а не од парламентот.

Во 2000 година, референдумот го скратил претседателскиот мандат од седум на пет години. По уставната реформа во 2008 година биле дозволени најмногу два последователни мандата.

Живи поранешни претседатели на Франција

[уреди | уреди извор]

Постојат четири живи поранешни француски претседатели:

Според францускиот закон, поранешните претседатели на Републиката имаат гарантирана доживотна пензија дефинирана според платежната оценка на државните советници,[4] дипломатски пасош,[5] и според францускиот устав (член 56), членство на Уставниот совет.

Тие, исто така, добиваат персонал, стан и/или канцеларија и други погодности, иако правната основа за истите се оспорува.[6] Во 2008 година, според одговорот од службите на премиерот на прашањето на Рене Дозјер, член на Националното собрание,[7] погодностите се состоеле од: безбедносни мерки, автомобил со возач, билети за воз прва класа и канцелариски простор или простор за сместување, како и двајца вработени за одржување на просторот. Покрај тоа, на располагање имале средствата за седум постојани асистенти.

Претседателот Оланд најавил реформа на системот во 2016 година. Според оваа реформа поранешните претседатели на Франција повеќе не добивале автомобил со возач; персоналот во нивното живеалиште бил скратен. Дополнително, бројот на расположливи асистенти бил намален, но државниот стан или куќа им останале на располагење. Билетите за воз се исто така им останале доколку патувањето било оправдано од страна на канцеларијата на поранешниот службеник како дел од официјалниот бизнис. Безбедносниот персонал на поранешните претседатели на Франција останал непроменет.[8]

Последен претседател на Француската Република кој ја извршувал таа должност од 1981 до 1985 година бил Франсоа Митеран. Тој почина на 8 јануари 1996 година, на возраст од 79 години.

  1. United Nations Heads of State Protocol and Liaison Service Heads of Government - Public List Ministers For Foreign Affairs
  2. Président de la République : 14 910 € bruts par mois, Le Journal Du Net
  3. „Emmanuel Macron takes office as French president“. www.aljazeera.com. Посетено на 2017-05-14.
  4. Предлошка:Cite French law.
  5. Предлошка:Cite French arrêté.
  6. The current system for providing personnel and other amenities to the former French presidents was devised in 1981 by Michel Charasse, then advisor to President François Mitterrand, in order to care for former President Valéry Giscard d'Estaing and the widow of former President Georges Pompidou. See Senate, 19 June 2008 Proceedings
  7. Question #140, answer published in the Journal officiel de la République française on 24 June 2008 page: 5368.
  8. Hollande rabote les privilèges des anciens présidents, Le Monde, Octobre, 5, 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]