Прејди на содржината

Премиер лига на Англија 2003-2004

Од Википедија — слободната енциклопедија
Премиер лига на Англија 2003-2004
Barclaycard Premiership 2003-2004
Logo of competition
Натпреварување Премиер лига на Англија
Спорт Фудбал
Издание 105-то
Период од: 16 август 2003
до: 15 мај 2004
Држава  Англија
Резултати
Шампион Арсенал Арсенал
13. титула
Лига на шампиони
Куп на УЕФА
Испаднале Лестер Сити Лестер Сити
Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед
Вулверхемптон Вулверхемптон
Статистика
Најдобар стрелец Франција Тјери Анри
(30 гола)
Одиграни натпревари 380
Постигнати голови 1.012 (2,66 по натпревар)
Капитенот на Арсенал, Патрик Виера, го подигнува трофејот освоен од топџиите.
Хронологија на натпреварувањето
2002–03 2004–05

Премиер лига на Англија 2003-2004 била 105-тото издание на највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, односно 12-тата сезона на Премиер лигата, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната започнала на 16 август 2003, а завршила на 15 мај 2004, со триумф на екипата на Арсенал.

Екипата на Манчестер Јунајтед влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Портсмут, Лестер Сити и Вулверхемптон Вондерерс биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Првата дивизија 2003-2004. Тие ги замениле Вест Хем Јунајтед, Вест Бромвич Албион и Сандерленд, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во понизок ранг.

На 25 април 2004, Арсенал станале шампиони по тринаесетти пат во клупската историја, после ремито на гостувањето кај Тотенхем.[1] Успехот на топџиите останал запаметен и по фантастичната сезона во која до титулата тие стигнале без ниту еден пораз со што го добиле епитетот Непобедливите. Најблиските конкуренти на Арсенал во оваа сезона биле Челси и Манчестер Јунајтед кои останале на -11 и -15 бодови од шампионите. Првата четворка, која го дала списокот на учесници во Лигата на шампионите за следната сезона, ја заокружила екипата на Ливерпул.

Петтопласираниот Њукасл Јунајтед, заедно со победникот на Лига купот, Мидлсбро, се квалификувале за Купот на УЕФА за следната сезона.

Лестер Сити, Лидс Јунајтед и Вулверхемптон биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.

Најдобaр стрелец во оваа сезона бил Тјери Анри од шампионот Арсенал со 30 постигнати гола.

Трета последователна сезона, четирите највисоко пласирани екипи од Премиер лигата на крајот од сезоната стекнуваат право да играат во Лигата на шампионите; две (шампионот и вицешампионот) директно во групната фаза на натпреварувањето, а две (третиот и четвртиот) во квалификациите. Петто рангираната екипа и победниците на ФА Купот и Лига купот ќе играат следната година во Купот на УЕФА. Трите последни екипи на крајот од сезоната испаѓаат во Чемпионшип.

Пред почетокот на сезоната, Манчестер Сити го напуштиле нивниот дотогашен домашен терен Мејн Роуд по повеќе од 80 години за да се преселат на модерниот Градски стадион во Манчестер.

Промена на екипи

[уреди | уреди извор]

Вкупно 20 клубови учествувале во Премиер лигата на Англија за сезоната 2003-2004, вклучувајќи ги 17-те екипи од претходната сезона 2002-2003, двата прво пласирани клуба од Првата дивизија 2002-2003, и победникот на плејофот од истата лига. Новите екипи во оваа сезона биле Портсмут, кои се вратиле во највисокото фудбалско ниво во Англија по цели петтнаесет години отсуство по нивното испаѓање во сезоната 1987-1988, потоа Лестер Сити, кои се вратиле по една година отсуство и испаѓањето во сезоната 2001-2002, и Вулверхемптон Вондерерс, кој како победник на плејофот се вратил во "елитното друштво" за првпат од раните 1980-ти години, поточно по цели 20 години. Тие ги замениле трите екипи кои испаднале во претходната сезона Вест Хем Јунајтед, Вест Бромвич Албион и Сандерленд.

Тјери Анри со 30 гола бил најдобар стрелец во првенството и еден од најзаслужните за освојувањето на титулата на „топчиите“.

Откако се квалификувале за Лигата на шампионите во претходната сезона, Челси добил буџет од 100 милиони фунти за трошење на играчи од светска класа, финансирани од нивниот нов сопственик русинот Роман Абрамович. Тие заедно со бранителот на титулата, Манчестер Јунајтед важеле за најголеми фаворити за освојување на титулата. Но наместо тоа, титулата отишла во рацете на Арсенал, кои го завршиле првенството непоразени (26 победи, 12 нерешени и 0 порази), со што го израмниле рекордот поставен од Престон Норт Енд во сезоната 1888-1889. Благодарение на ова престижно достигнување, играчите на „топчиите“ го добиле прекарот Invincibles (на македонски Непобедливите).

Уште од самиот почеток Арсенал се нашол на врвот на табелата, но после шесттото коло таму биле изедначени со градскиот ривал Челси. Откако три кола по ред двете екипи го делеле првото место со еднаков број на бодови, „топчиите“ стекнале предност во однос на „сините“ со победата во директниот дуел одигран на Хајбери со 2-1. Така, Арсенал останал осамен лидер на табелата сè до 14-тото коло, кога по ремито без голови на домашен терен против Фулам биле престигнати од Челси. Во 16-тото коло Арсенал се вратиле на врвот на табелата, но веќе во следното коло дошло до нова промена на врвот на табелата каде сега се нашла екипата на Манчестер Јунајтед. "Црвените ѓаволи" се задржале на првото место до 21-вото коло.

Арсенал додале гас во вториот дел од првенството предводени од нивниот најдобар стрелец Тјери Анри, престигнувајќи го Манчестер Јунајтед и отвориле солидна предност во однос на нивните гонители, што не им успевало во првиот дел од сезоната. Титулата била обезбедена на 25 април 2004 година, на четири кола пред крајот, благодарение на ремито 2-2 против градскиот ривал Тотенхем. Челси го затвориле првенството на 2. место со 79 бодови, 11 помалку од „топчиите“. Манчестер Јунајтед завршил на третото место и се пласирал во Лигата на шампионите заедно со Ливерпул. На дното на табелата, Лидс Јунајтед, во очигледен пад поради длабоката финансиска криза, испаднал во Чемпионшип, заедно со "новаците" Лестер Сити и Вулверхемптон.

Екипи учеснички

[уреди | уреди извор]

Стадиони и локации

[уреди | уреди извор]
Локации на екипите учесници во Премиер лигата на Англија 2003–2004
Екипа Сезона Град Стадион Претходна сезона
Арсенал детали Лондон Стадион Арсенал 2. место во Премиер лигата
Астон Вила детали Бирмингем Вила Парк 16. место во Премиер лигата
Бирмингем Сити детали Бирмингем Сент Ендрјус 13. место во Премиер лигата
Блекбурн Роверс детали Блекбурн Ивуд Парк 6. место во Премиер лигата
Болтон Вондерерс детали Болтон Рибок 17. место во Премиер лигата
Вулверхемптон детали Вулверхемтпон Молинју 5. место во Првата дивизија, промоција преку плејоф
Евертон детали Ливерпул Гудисон Парк 7. место во Премиер лигата
Лестер Сити детали Лестер Стадион Лестер Сити 2. место во Првата дивизија, промоција
Ливерпул детали Ливерпул Анфилд 5. место во Премиер лигата
Лидс Јунајтед детали Лидс Еланд Роуд 15. место во Премиер лигата
Манчестер Јунајтед детали Манчестер Олд Трафорд Шампион на Англија
Манчестер Сити детали Манчестер Градски стадион во Манчестер 9. место во Премиер лигата
Мидлсбро детали Мидлсбро Риверсајд 11. место во Премиер лигата
Њукасл Јунајтед детали Њукасл на Тајн Сент Џејмсис Парк 3. место во Премиер лигата
Портсмут детали Портсмут Фратон Парк 1. место во Првата дивизија, промоција
Саутхемптон детали Саутхемптон Сент Мери 8. место во Премиер лигата
Тотенхем детали Лондон Вајт Харт Лејн 10. место во Премиер лигата
Фулам детали Лондон Лофтус Роуд[б 1] 14. место во Премиер лигата
Чарлтон детали Лондон Вали 12. место во Премиер лигата
Челси детали Лондон Стемфорд Бриџ 4. место во Премиер лигата
  1. Крејвен Котиџ сè уште бил во фаза на реновирање од претходната сезона и како резултат на тоа, Фулам продолжил да ги игра своите домашни натпревари на Лофтус Роуд, кој е домашен стадион на Квинс Парк Ренџерс, уште една екипа од Западен Лондон.

Личности и спонзори

[уреди | уреди извор]
Екипа Тренер Капитен Најдобар стрелец[2] Опрема Спонзор
Арсенал Франција Арсен Венгер Франција Патрик Виера Франција Тјери Анри (30) Nike O2
Астон Вила Ирска Дејвид О'Лири Шведска Олоф Мелберг Колумбија Хуан Пабло Анхел (16) Diadora Rover
Бирмингем Сити Англија Стив Брус Ирска Кени Канингем Финска Микаел Форсел (17) Le Coq Sportif Flybe.com
Блекбурн Роверс Шкотска Грем Сунес Англија Гари Флиткрофт Англија Енди Кол (11) Kappa HSA
Болтон Вондерерс Англија Сем Алардајс Нигерија Џеј-Џеј Окоча Англија Кевин Дејвис,
Франција Јури Џоркаеф,
Англија Кевин Нолан (9)
Reebok Reebok
Вулверхемптон Англија Дејв Џонс Англија Пол Инс Сенегал Анри Камара (7) Admiral Doritos
Евертон Шкотска Дејвид Мојес Англија Дејвид Вир Англија Вејн Руни (9) Puma Kejian
Лестер Сити Англија Мики Адамс Шкотска Мат Елиот Англија Лес Фердинанд (12) Le Coq Sportif Alliance & Leicester
Ливерпул Франција Жерар Улие Англија Стивен Џерард Англија Мајкл Овен (16) Reebok Carlsberg
Лидс Јунајтед Велс Питер Рид (1.-12. коло)
Шкотска Еди Греј (13.-38. коло)
Англија Доминик Матео Австралија Марк Видука (11) Nike Whyte and Mackay
Манчестер Јунајтед Шкотска Алекс Фергусон Ирска Рој Кин Холандија Руд ван Нистелрој (20) Nike Vodafone
Манчестер Сити Англија Кевин Киган Франција Силвен Дистен Франција Никола Анелка (17) Reebok First Advice
Мидлсбро Англија Стив МекЛарен Англија Гарет Саутгејт Словачка Силард Немет (9) Erreà Dial-a-Phone
Њукасл Јунајтед Англија Боби Робсон Англија Алан Ширер Англија Алан Ширер (22) Adidas Northern Rock
Портсмут Англија Хари Реднап Англија Теди Шерингам Нигерија Јакубу Ајегбени (16) Pompey Sport ty
Саутхемптон Шкотска Гордон Страхан (1.-25. коло)
Англија Стив Вигли (26.-27. коло)
Шкотска Пол Старок (28.-38. коло)
Норвешка Клаус Лундеквам Англија Џејмс Бити (14) Saints Friends Provident
Тотенхем Англија Глен Ходл (1.-6. коло)
Англија Дејвид Плит (7.-38. коло)
Англија Џејми Реднап Ирска Роби Кин (14) Kappa Thomson Holidays
Фулам Велс Крис Колман Англија Ли Кларк Франција Луј Саа (13) Puma dabs.com
Чарлтон Англија Алан Карбишли Ирска Мат Холанд Јамајка Џејсон Јуел (10) Joma All:Sports
Челси Италија Клаудио Раниери Франција Марсел Десаи Холандија Џими Флојд Хаселбајнк (13) Umbro Fly Emirates

Завршна табела

[уреди | уреди извор]
Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1. Арсенал Арсенал 90 38 26 12 0 73 26 47
2. Челси Челси 79 38 24 7 7 67 30 37
3. Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 75 38 23 6 9 54 35 29
4. Ливерпул Ливерпул 60 38 16 12 10 55 37 18
5. Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 56 38 13 17 8 52 40 12
6. Астон Вила Астон Вила 56 38 15 11 12 48 44 4
7. Чарлтон Чарлтон 53 38 14 11 13 51 51 0
8. Болтон Болтон 53 38 14 11 13 48 56 -8
9. Фулам Фулам 52 38 14 10 14 52 46 6
10. Бирмингем Сити Бирмингем Сити 50 38 12 14 12 43 48 -5
[3] 11. Мидлсбро Мидлсбро 48 38 13 9 16 44 52 -8
12. Саутхемптон Саутхемптон 47 38 12 11 15 44 45 -1
13. Портсмут Портсмут 45 38 12 9 17 47 54 -7
14. Тотенхем Тотенхем 45 38 13 6 19 47 57 -10
15. Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 44 38 12 8 18 51 59 -8
16. Манчестер Сити Манчестер Сити 41 38 9 14 15 55 54 1
17. Евертон Евертон 39 38 9 12 17 45 57 -12
18. Лестер Сити Лестер Сити 33 38 6 15 17 48 65 -17
19. Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 33 38 8 9 21 40 79 -39
20. Вулверхемптон Вулверхемптон 33 38 7 12 19 38 77 -39

Легенда:

      Шампион на Англија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2004-2005.
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2004-2005.
      Се квалификува за третото квалификациско коло на УЕФА Лига на шампиони 2004-2005.
      Се квалификува за првото коло на Куп на УЕФА 2004-2005.
      Се квалификува за квалификациите на Куп на УЕФА 2004-2005.
      Испаѓа во Фудбалска лига на Англија Чемпионшип 2004-2005.

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднакви бодови, екипите се рангираат според гол-разликата.

Шампионскиот тим

[уреди | уреди извор]
Формација Играчи (настапи)
Германија Јенс Леман (38)
Камерун Лоран (32)
Брег на Слоновата Коска Коло Туре (37)
Англија Сол Кембел (35)
Англија Ешли Кол (32)
Шведска Фредрик Јунгберг (30)
Франција Патрик Виера (29)
Бразил Жилберто Силва (32)
Франција Робер Пирес (36)
Холандија Денис Бергкамп (28)
Франција Тјери Анри (37)
Менаџер: Франција Арсен Венгер
Останати играчи: Еду (30), Реј Парлор (25), Паскал Сиган (18), Хосе Антонио Рејес (13), Гаел Клиши (12), Силван Вилтор (12), Жереми Алијадиер (10), Нванкво Кану (10), Мартин Кион (10), Дејвид Бентли (1), Џастин Хојт (1)

Резултати

[уреди | уреди извор]

Табеларен приказ

[уреди | уреди извор]

Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.

Последно ажуриање: 22 декември 2021.

АРС АСВ БИР БЛЕ БОЛ ВУЛ ЕВЕ ЛЕС ЛИВ ЛИД МНЈ МНС МИД ЊУК ПОР САУ ТОТ ФУЛ ЧАР ЧЕЛ
Арсенал –––– 2-0 0-0 1-0 2-1 3-0 2-1 2-1 4-2 5-0 1-1 2-1 4-1 3-2 1-1 2-0 2-1 0-0 2-1 2-1
Астон Вила 0-2 –––– 2-2 0-2 1-1 3-2 0-0 3-1 0-0 2-0 0-2 1-1 0-2 0-0 2-1 1-0 1-0 3-0 2-1 3-2
Бирмингем Сити 0-3 0-0 –––– 0-4 2-0 2-2 3-0 0-1 0-3 4-1 1-2 2-1 3-1 1-1 2-0 2-1 1-0 2-2 1-2 0-0
Блекбурн 0-2 0-2 1-1 –––– 3-4 5-1 2-1 1-0 1-3 1-2 1-0 2-3 2-2 1-1 1-2 1-1 1-0 0-2 0-1 2-3
Болтон 1-1 2-2 0-1 2-2 –––– 1-1 2-0 2-2 2-2 4-1 1-2 1-3 2-0 1-0 1-0 0-0 2-0 0-2 0-0 0-2
Вулверхемптон 1-3 0-4 1-1 2-2 1-2 -––– 2-1 4-3 1-1 3-1 1-0 1-0 2-0 1-1 0-0 1-4 0-2 2-1 0-4 0-5
Евертон 1-1 2-0 1-0 0-1 1-2 2-0 –––– 3-2 0-3 4-0 3-4 0-0 1-1 2-2 1-0 0-0 3-1 3-1 0-1 0-1
Лестер Сити 1-1 0-5 0-2 2-0 1-1 0-0 1-1 –––– 0-0 4-0 1-4 1-1 0-0 1-1 3-1 2-2 1-2 0-2 1-1 0-4
Ливерпул 1-2 1-0 3-1 4-0 3-1 1-0 0-0 2-1 –––– 3-1 1-2 2-1 2-0 1-1 3-0 1-2 0-0 0-0 0-1 1-2
Лидс Јунајтед 1-4 0-0 0-2 2-1 0-2 4-1 1-1 3-2 2-2 –––– 0-1 2-1 0-3 2-2 1-2 0-0 0-1 3-2 3-3 1-1
Манчестер Јунајтед 0-0 4-0 3-0 2-1 4-0 1-0 3-2 1-0 0-1 1-1 –––– 3-1 2-3 0-0 3-0 3-2 3-0 1-3 2-0 1-1
Манчестер Сити 1-2 4-1 0-0 1-1 6-2 3-3 5-1 0-3 2-2 1-1 4-1 –––– 0-1 1-0 1-1 1-3 0-0 0-0 1-1 0-1
Мидлсбро 0-4 1-2 5-3 0-1 2-0 2-0 1-0 3-3 0-0 2-3 0-1 2-1 –––– 0-1 0-0 3-1 1-0 2-1 0-0 1-2
Њукасл Јунајтед 0-0 1-1 0-1 0-1 0-0 1-1 4-2 3-1 1-1 1-0 1-2 3-0 2-1 –––– 3-0 1-0 4-0 3-1 3-1 2-1
Портсмут 1-1 2-1 3-1 1-2 4-0 0-0 1-2 0-2 1-0 6-1 1-0 4-2 5-1 1-1 –––– 1-0 2-0 1-1 1-2 0-2
Саутхемптон 0-1 1-1 0-0 2-0 1-2 2-0 3-3 0-0 2-0 2-1 1-0 0-2 0-1 3-3 3-0 –––– 1-0 0-0 3-2 0-1
Тотенхем 2-2 2-1 4-1 1-0 0-1 5-2 3-0 4-4 2-1 2-1 1-2 1-1 0-0 1-0 4-3 1-3 –––– 0-3 0-1 0-1
Фулам 0-1 1-2 0-0 3-4 2-1 0-0 2-1 2-0 1-2 2-0 1-1 2-2 3-2 2-3 2-0 2-0 2-1 –––– 2-0 0-1
Чарлтон 1-1 1-2 1-1 3-2 1-2 2-0 2-2 2-2 3-2 0-1 0-2 0-3 1-0 0-0 1-1 2-1 2-4 3-1 –––– 4-2
Челси 1-2 1-0 0-0 2-2 1-2 5-2 0-0 2-1 0-1 1-0 1-0 1-0 0-0 5-0 3-0 4-0 4-2 2-1 1-0 ––––

Статистика

[уреди | уреди извор]

Лидери на табелата

[уреди | уреди извор]

Извор:[4]

————————————————————————————————————————————————————————————————————————————
АрсеналАрсеналЧелсиАрсМанчестер ЈунајтедАрсенал
10ª11ª12ª13ª14ª15ª16ª17ª18ª19ª20ª21ª22ª23ª24ª25ª26ª27ª28ª29ª30ª31ª32ª33ª34ª35ª36ª37ª38ª

Факти и бројки

[уреди | уреди извор]
  • Најголем број на победи: Арсенал (26)
  • Најмал број на порази: Арсенал (0)
  • Најдобар напад: Арсенал (73 постигнати гола)
  • Најдобра одбрана: Арсенал (26 примени гола)
  • Најдобра гол-разлика: Арсенал ( 47)
  • Најголем број на нерешени: Њукасл Јунајтед (17)
  • Најмал број на нерешени: Манчестер Јунајтед, Тотенхем (6)
  • Најголем број на порази: Лидс Јунајтед (21)
  • Најмал број на победи: Лестер Сити (6)
  • Најслаб напад: Вулверхемптон (38 постигнати голови)
  • Најслаба одбрана: Лидс Јунајтед (79 примени голови)
  • Најлоша гол-разлика: Лидс Јунајтед, Вулверхемптон (-39)

Индивидуална

[уреди | уреди извор]

Листа на стрелци

[уреди | уреди извор]

Извор:[2]

Гол Пенали Играч Клуб
30 7 Франција Тјери Анри Арсенал Арсенал
22 7 Англија Алан Ширер Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед
20 0 Холандија Руд ван Нистелрој Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
20 2 Франција Луј Саа Фулам Фулам (13),
Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед (7)
17 1 Финска Микаел Форсел Бирмингем Сити Бирмингем Сити
17 4 Франција Никола Анелка Манчестер Сити Манчестер Сити
16 2 Нигерија Јакубу Ајегбени Портсмут Портсмут
16 2 Колумбија Хуан Пабло Анхел Астон Вила Астон Вила
16 4 Англија Мајкл Овен Ливерпул Ливерпул
14 0 Франција Робер Пирес Арсенал Арсенал
14 2 Англија Џејмс Бити Саутхемптон Саутхемптон
14 3 Ирска Роби Кин Тотенхем Тотенхем
13 0 Англија Кевин Филипс Саутхемптон Саутхемптон
13 2 Холандија Џими Флојд Хаселбајнк Челси Челси
12 0 Англија Лес Фердинанд Лестер Сити Лестер Сити

Месечни награди

[уреди | уреди извор]
Месец Менаџер на месецот Клуб Играч на месецот Клуб
Август Франција Арсен Венгер Арсенал Англија Теди Шерингам Портсмут
Септември Италија Клаудио Раниери Челси Англија Френк Лампард Челси
Октомври Англија Боби Робсон Њукасл Јунајтед Англија Алан Ширер Њукасл Јунајтед
Ноември Англија Сам Алардајс Болтон Вондерерс Нигерија Џеј-Џеј Окоча Болтон Вондерерс
Декември Шкотска Алекс Фергусон Манчестер Јунајтед Англија Пол Сколс Манчестер Јунајтед
Јануари Англија Сам Алардајс Болтон Вондерерс Франција Тјери Анри Арсенал
Февруари Франција Арсен Венгер Арсенал Холандија Денис Бергкамп
Бразил Еду
Арсенал
Март Италија Клаудио Раниери Челси Финска Микаел Форсел Бирмингем Сити
Април Англија Хари Реднап Портсмут Франција Тјери Анри Арсенал

Годишни награди

[уреди | уреди извор]
Награда Добитник Клуб
Менаџер на сезоната во Премиер лигата Франција Арсен Венгер Арсенал
Играч на сезоната во Премиер лигата Франција Тјери Анри Арсенал
ПФА Фудбалер на годината Франција Тјери Анри Арсенал
ПФА Млад играч на годината Англија Скот Паркер Челси
АФН Фудбалер на годината Франција Тјери Анри Арсенал
ПФА Тим на годината
Голман САД Тим Хауард (Манчестер Јунајтед)
Одбрана Камерун Лоран (Арсенал) Англија Сол Кембел (Арсенал) Англија Џон Тери (Челси) Англија Ешли Кол (Арсенал)
Среден ред Англија Френк Лампард (Челси) Англија Стивен Џерард (Ливерпул) Франција Патрик Виера (Арсенал) Франција Робер Пирес (Арсенал)
Напад Холандија Руд ван Нистелрој (Манчестер Јунајтед) Франција Тјери Анри (Арсенал)
  1. Winter, Henry (26 April 2004). „Champions revel in title success“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 7 August 2013.
  2. 2,0 2,1 „Premier League 2003/2004 .:. Top scorers“ (англиски). worldfootball.net. Посетено на 26 март 2020.
  3. Се квалификува за првото коло на Купот на УЕФА 2004-2005 како победник на Лига купот 2003-2004.
  4. Premier League 2003/2004 .:. 38. Round