Прва робовска војна
Прва робовска војна | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Римски робовски војни | |||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Римска република | Робови од Сицилија | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Луциј Калпурниј Писо, конзул Публиј Рупилиј, конзул, Скипио Амилианиј | Евниј, Клеон |
Првото робовско востание во Римската Република се одвивало помеѓу 135 и 132 година п.н.е. Група робови, во градот Ена на Сицилија, се побунила против измачувањето од страна на нивните робовладетели. Војсководецот на востаниците бил Евниј, поранешен роб тврдел дека е пророк. По неколку успеси на востаниците, на Сицилија бил истоварен поголем контингент на војници кои го задушиле востанието.
Причини
[уреди | уреди извор]Главната причина за побуната биле промените за земјопоседниците воведени по истерувањето на картагинците по втората пунска војна. Поседите на картагинците биле купени од Италијанци кои во голем број се доселувале на Сицилија, па дури им биле доделени и поседи на сицилијанци кои им се приклучиле на картагинците.
Сицилијанците кои ја поддржале римската страна се збогатиле на сметка на своите сонародници. Робовите се продавале многу евтино и пченицата на Сицилија имала многу поприфатлива цена за разлика од таа во Италија каде што се распламенувала војната. Со оглед на сево ова, Сицилија набрзо започнала да се преполнува со евтини робови кои работеле на полињата на римјаните и сицилијаните кои многу лошо ги прехранувале поради што робовите биле приморани да крадат за да преживеат. Робовите краделе од сиромашните Сицилијанци, а нивните сопственици не преземале ништо, така што востанието било неизбежно.
Востание
[уреди | уреди извор]Главната група робови во еден момент броела 200.000 мажи, жени и деца. Војсководецот Евниј, најверојатно со потекло од Сирија, тврдел дека е пророк и месија на робовите. Според некои извори тој бил повеќе лукав, отколку способен. Победите кои ги извојувал против римјаните биле по заслуга на неговиот командант Клеон од Киликија. Клеон загинал во борба, а Евниј бил заробен, но умрел пред да биде изнесен пред лицето на правдата.
Повеќе
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- Арнолд, „History of Rome“, Vol. III. стр. 317-318, London edition.
- Шау Брент (2001). „Spartacus and the Slave Wars: a brief history with documents“. стр. 79-106.(на google books)