Праг (врата)
Изглед
Праг[1][2] — дрвена, камена или метална греда сместена во долниот дел на вратата, помеѓу довратниците на рамката. Се преминува при влегување во куќата[3] или при премини меѓу простории со различна намена. Обично е висок околу 2 см.[4]
Постојат многу суеверија за праговите. На пример, од почетокот на 20 век во некои култури се верува дека не треба да се зборува или да се поздравува за да се избегне расправија.[5] Во Полска, Украина и Русија, ракувањето или бакнувањето преку прагот при средба со некого се смета за лоша среќа.[6][7] Во многу земји се смета дека е среќа младоженецот да ја пренесе невестата преку прагот во нејзиниот нов дом.[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „праг“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „праг“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Порог. Москва: Библейская энциклопедия архимандрита Никифора. 1891—1892. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ „prag“. Hrvatska enciklopedija. Посетено на 5 мај 2021.
- ↑ Порог. Санкт Петербург: Энциклопедический словарь Брокгауза и Ефрона. 1890—1907. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ „Polish Superstitions“. Polish Language.org. Архивирано од изворникот на 5 септември 2012. Посетено на 5 мај 2021.
- ↑ „Russian Superstition“. Russian language for lovers. Посетено на 5 мај 2021.
- ↑ „Carrying the Bride: Exactly Why?“. How Stuff Works. Посетено на 5 мај 2021.