Прејди на содржината

Поточка Пештера

Координати: 46°26′56″N 14°40′07″E / 46.44889° СГШ; 14.66861° ИГД / 46.44889; 14.66861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Поточка Пештера
Potočka zijalka
Влезот во Поточката Пештера
Местонад Солчава
Областисточни Караванки Словенија
Координати46°26′56″N 14°40′07″E / 46.44889° СГШ; 14.66861° ИГД / 46.44889; 14.66861
Видваровник карст
Должина115 m
Ширина40 m
Историја
Материјалтријаски варовник
Раздобједоцен палеолит
Корисникпалео-луѓе

Поточка Пештера[1][2] (словенечки: Potočka zijalka или Potočka zijavka[3]) – пештера во северна Словенија, прогласена за археолошко и палеонтолошко наоѓалиште населена пред околу 35.000 години [4] п.с. (пред сегашноста) од анатомски модерни луѓе од орињачката култура за време на доцниот палеолит. Пештерата го добила името според фармата Поток во Подолшева.[5][6] Словенечкиот поим zijalka или zijavka се однесува на пештера со рамен под и отворена уста на површината.[6][7] Системски ископувања биле вршени од 1928 до 1935 година од словенечкиот археолог Сречко Бродар.[8]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Пештерата се наоѓа во источните Караванки на север од Словенија, на јужните падини на планината Олшева над Солчава, на надморска висина од 1675 m во тријасен варовник.[8] Долга е 115 m,[9] а ширината варира од 17 метра на влезот до 40 метри во внатрешноста.[9] Its entry opens toward the south.[8]

Постојат две објаснувања за нејзината улога. Според оригиналното објаснување, пештерата била ловечко собиралиште. Според поновото, таа била ритуално место.[8]

Ископувања

[уреди | уреди извор]
Сречко Бродар
Внатрешноста на Поточката Пештера

По аматерските истражувања на Јозеф Грос, студент по медицина од Австрија, подрачјето било купено од Музејот од Цеље. Системски ископувања биле водени во име на музејот од археологот Сречко Бродар, со почеток во 1928 [10] and и истите продолжиле до 1935 година.[9]

Наодите од осумте ископани слоеви од пештерата вклучуваат коски од повеќе од 40 животински видови, пештерски мечки, волци, алпски мрмоти, зајаци, црвени лисици, куни, рис, црвен елен, дивокоза, и особено, заби од мошусно говедо, како и 123 стрели, контроверзна коскена флејта, и една од најстарите во светот игли.[8][11]

Во блиското село во Логарската Долина, отворена е постојана изложба за туристите во хотелот Фиршт и во музејот.[12] Другите наоди може да се видат во Покраинскиот музеј во Цеље. За жал голем дел од збирката бил уништен во текот на Втората светска војна во 1945 година од сојузничките бомбардирања.[9]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Snodgrass, Mary Ellen. 2014. World Clothing and Fashion: An Encyclopedia of History, Culture, and Social Influence. New York: Routledge, p. 207.
  2. „Dowson, Thomas. 2013. "Views from Ancient Doorways," Archaeology Travel. Архивирано од изворникот на 2013-11-23. Посетено на 2020-03-28.
  3. Bezlaj, France. 1961. Slovenska vodna imena, vol. 2. Ljubljana: SAZU, p. 337.
  4. „Potočka zijavka“. Parc.si. Palaeolithic Research Centre. Архивирано од изворникот на 2012-10-03.
  5. Mišič, Franc. 1938. "O ledinskih in hišnih imenih okoli Solčave." Časopis za zgodovino in narodopisje 33(3/4): 191–201, p. 195.
  6. 6,0 6,1 SlovLit: Potočka zijalka (словенечки)
  7. Bezlaj, France et al. 2005. Etimološki slovar slovenskega jezika vol. 4. Ljubljana: SAZU, p. 411.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Debeljak, Irena; Turk, Matija. „Potočka zijalka“. Во Šmid Hribar, Mateja. Torkar, Gregor. Golež, Mateja. Podjed, Dan. Kladnik, Drago. Erhartič, Bojan. Pavlin, Primož. Jerele, Ines. (уред.). Enciklopedija naravne in kulturne dediščine na Slovenskem – DEDI (словенечки). Посетено на 12 March 2012.CS1-одржување: користи параметар editors (link)
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Broda, Mitja. 1995. "Potočka zijalka." Enciklopedija Slovenije, vol. 9, Ljubljana: Mladinska knjiga, pp. 193–194.
  10. Brodar, Srečko, & Mitja Brodar. 1983. Potočka zijalka, visokoalpska postaja aurignacienskih lovcev. Ljubljana: SAZU, p. 12.
  11. Odar, Boštjan (2008). „A Dufour Bladelet from Potočka zijalka (Slovenia)“ (PDF). Arheološki vestnik. 59: 13.
  12. Stalna razstava Potočka zijalka (Potok Cave Permanent Exhibit) (словенечки)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]