Полска повивка
Полска повивка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносемени |
Нерангирано: | Евдикотиледони |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Зрновидни |
Семејство: | Повивки |
Род: | Повивка |
Вид: | Полска повивка |
Научен назив | |
Convolvulus arvensis Л. |
Полска повивка (лат. Convolvulus arvensis) е вид на повивка која расте во Европа и Азија. Ова е повеќегодишно зелјесто растение кое расте од 0.5–2 m во висина. Листовите му се спирално подредени, линерани до стрелести, со должина од 2–5 cm, со дршки од 1-3 см. Цветовите му се во облик на труба, со пречник од 1-2,5 см, бели или светло розови, со пет малку потемно розови радијални пруги.
Постојат два вариетета:
- Convolvulus arvensis сорт. arvensis. Пошироки листови.
- Convolvulus arvensis сорт. linearifolius. Потесни листови.
Иако дава убави цветови, повивката се смета за непожелно растение и коров заради нејзиниот забрзан раст и со тоа ги гуши сите останати растенија. Ова растение е донесено во Северна Америка, каде претставува инвазивен вид во некои подрачја. Таму расте во густи покривки и навлегува во полињата, со тоа намалувајќи го приносот; само во 1998 ова растение направило штета на американското земјоделство во износ од $377 милиони.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Coombs, E. M., et al., уредн. (2004). Biological Control of Invasive Plants in the United States. Corvallis: Oregon State University Press, 151.
- Blanchan, Neltje (2002). Wild Flowers: An Aid to Knowledge of Our Wild Flowers and Their Insect Visitors. Фондација на книжевниот архив на проектот Гутенберг. Надворешна врска во
|title=
(help) - Европска флора: Convolvulus arvensis (англиски)
- Кинеска флора: Convolvulus arvensis (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Convolvulus arvensis“ на Викивидовите ? |