Полк „Кастус Калиновски“
Полк „Кастус Калиновски“ | |
---|---|
Полк Кастуся Калиновського Полк Кастуся Каліноўскага | |
Активна | март 2022 – денес |
Земја | Украина |
Улога | Територијална одбрана |
Големина | 500 [1] |
Дел од | Вооружени сили на Украина |
Заштитник | Кастус Калиновски |
Гесло | „Прво Украина, а потоа Белорусија“ |
Битки | Руска инвазија на Украина (2022) |
Мреж. место | службена мрежна страница на полкот |
Обележја | |
Знаме |
Полк „Кастус Калиновски“ (исто така познат како Полк „Калиновски“,[2] порано како Баталјон „Кастус Калиновски“ до мај 2022 година[3]) — група на белоруски опозициски доброволци кои војувале на страната на Украина во Руската инвазија во 2022 година.[4]
Од март 2022 година, било објавено дека повеќе од илјада Белоруси се пријавиле да се приклучат на единицата.[5] Според сопствените изјави, баталјонот не бил вклучен во Меѓународната легија за територијална одбрана на Украина за да биде зачувана поголема автономија.[6]
Единицата е именувана по белорускиот и полскиот национален јунак Кастус Калиновски, кој бил водач на Јануарското востание во 1863 година против Руската Империја, одржано во териториите на денешна Белорусија и Литванија.[7]
Било потврдено дека полкот претрпел седум загуби од јули 2022 година.[8]
Структура
[уреди | уреди извор]Почнувајќи од 2023 година, структурата на полкот е како што следува:[9]
- Полковен штаб и штаб на чета
- 1. пешадиски баталјон „Литвин“
- 2. пешадиски баталјон „Волат“
- „Западен“ баталјон
- Чета за обука
- Чета за полициски час
- Групата за беспилотни летала „Никита Кривцов“
- Инженерски вод
- Медицинска служба
- Вод за техничка поддршка
- Финансиска служба
Поранешни единици:[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Колькі беларускіх добраахвотнікаў ваюе ва Ўкраіне і дзе. Абноўлены гайд па ўсіх фармаваньнях“. Радио Слободна Европа (белоруски). Посетено на 13 јануари 2024.
- ↑ „Investigative Committee files criminal case on Kalinoŭski Regiment fighting in Ukraine“. 11 октомври 2022.
- ↑ „Fighting for a future: The Belarusian regiment in Ukraine is staking its claim on democracy“. 5 декември 2022.
- ↑ Buckby, Jack (10 март 2022). „Putin Won't Like This: Belarusian Volunteers Are Fighting Against Russia in Kyiv“. 19FortyFive (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-03-15. Посетено на 13 јануари 2024.
- ↑ „Ukraine says they want to dress the Belarusian military in the uniforms of the Russian Federation to participate in the war“. Belsat.eu. Архивирано од изворникот на 31 март 2022. Посетено на 13 јануари 2024.
- ↑ „How Belarusian Fighters in Ukraine Evolved Into Prominent Force Against Russian Invasion“. VOA (англиски). Архивирано од изворникот на 27 април 2022. Посетено на 13 јануари 2024.
- ↑ Melchior, Jillian Kay (2 мај 2022). „Opinion | Meet the Belarusians Who Are Fighting Russia in Ukraine“. Wall Street Journal. Архивирано од изворникот на 23 мај 2022. Посетено на 13 јануари 2024.
- ↑ „Защитников Украины из полка Калиновского включили в список по обмену военнопленными“. 11 јули 2022.
- ↑ „The Kastuś Kalinoŭski Regiment“. /bel.army. 11 септември 2023.