Прејди на содржината

Подлисток

Од Википедија — слободната енциклопедија

Подлисток или фељтон — краток текст со секојдневна тема: научно-популарна, општествено-политичка или забавна. Обично се печати како додаток во дневните и неделните весници, понекогаш во продолженија. Фељтонот претставува литературно-публицистички жанр и има карактер на лесна забава, напишан со шеговит тон, со тенденција на сензационалност и навлегување во интимата на познатите личности.

Освен новинарскиот, фељтонот може да биде и литературен кога претставува извадок од роман или роман во продолженија.