Поглед на Толедо (Ел Греко)
шпански: Vista de Toledo | |
Творец | Ел Греко |
---|---|
Година | 1596–1600 |
Димензии | 121.3 см × 108.6 см |
Место | Метрополитен (музеј), Њујорк (град) |
Толедо во олуја (оригиналниот наслов Vista de Toledo ), е еден од двата зачувани пејсажи насликани од Ел Греко. Другиот, Поглед и план на Толедо , е изложен во Музеј на Ел Греко во Толедо. „Толедо во олуја“ денес е во Метрополитен (музеј) во Њујорк (град) „Толедо во олуја“ е слика со најпознатите претстави на небото во Западната уметност, заедно со небото кај Винсан ван Гог“ во делото Ѕвездената ноќ“ како и пејзажите на Џ. М. В. Тарнер и Клод Моне. Во својот есеј, историчарот на уметност Кит Кристијансен тврди дека „Толедо во олуја“ е едно од ремек-делата на Ел Греко[1].
Историски контекст
[уреди | уреди извор]Датирање
[уреди | уреди извор]Историчарите на уметноста, особено Харолд Вети, дебатирале за точното датирање на „Толедо во олуја“. Во раните литератури, Волтер Лидке , ја спомнува во „Три слики од Ел Греко“, и сугерира дека „Толедо во олуја“ била насликан по 1600 година. Сепак, историчарот на уметност Харолд Вети верува дека била насликан помеѓу 1595-1600 поради сличностите со другото дело на Ел Греко, „Свети Јосиф и детето Христос“. Вети го поткрепувал ова тврдење бидејќи „Свети Јосиф и Детето Христос“ било завршено помеѓу 1597-1599 година. Вети, исто така, давал повеќе докази со посочување на истите техники кои се користат во позадината на „Свети Јосиф и детето Христос“ што може да се види во „Толедо во олуја“.
Значење на пејзажот
[уреди | уреди извор]Пејзажните слики биле реткост меѓу шпанските слики од периодот на ренесансата и барокот. Поради тоа што пејзажните слики биле многу ретки, некои шпекулираат дека „Толедо во олуја“ е всушност дел од поголема слика. Сепак, нема валиден доказ или потврда дали е тоа така. Во секој случај, ова дло се смета за едно од првите исклучително значајни дела во шпанија со тематика - пејзаж.
Опис
[уреди | уреди извор]„Толедо во олуја“ е дело со специфичен колорит, во кој што е изразита контраста помеѓу боите на небото и треперењата на зеленото во ридовите долу.Драматичноста и ритмичноста на потезите, изразени во доловувањето на небото се во некоја чудна контраст со градот, Толедо, мирен и свиен во зеленилото на ридовите, изгубен пред силните олујни напластувања на небото. Делото, иако е насликано во барокниот период, содржи елементи кои се карактеристични за сликарството од крајот на деветнаесеттиот век, Ел Греко, со ова дело ги надминува временските граници и зборува за силината и значењето на овој генијален сликар и неговата улога во развојот на светската ликовна уметност[2].
Стил
[уреди | уреди извор]Ел Греко има уникатен стил со влијанија од италијански уметници, како и од шпанските и грчките. Во текот на неговата сликарска кариера, Ел Греко го менувал својот стил врз основа на местата каде што живеел. Сепак, речиси секогаш сликал со влијание од неговите критски или грчки корени.
Често пишувал на грчки јазик и наместо латиница ја користел грчката азбука. . Својата уметност секогаш ја потпишувал со неговото вистинско име Доменикос Теотокопулос. Иако е под влијание на маниристичкиот стил, експресивното справување со бојата и формата на Ел Греко е без паралела во историјата на уметноста. Велшкиот историчар на уметност Дејвид Дејвис тврди дека филозофиите на платонизмот и античкиот неоплатонизам, делата на Плотин и Дионисиј Ареопагит, текстовите на Црквата отците и литургијата ги нудат клучевите за разбирање на стилот на Ел Греко, односно, во неговата линиска експресија и во колористичкиот дел, с чувствуваат елементи на византиската уметност[3].
Толкување
[уреди | уреди извор]Симболика
[уреди | уреди извор]Градот Толедо е на самиот врв на ридот во „Толедо во олуја“. Историчарот на уметност, Валтер Лидке, сметал дека Ел Греко сакал да ја нагласи големината на Толедо. Поради тоа што Толедо е еместен на врвот, ја симболизирал положбата на градот што е блиску до небото.
Користејќи ја средновековната традиција, Ел Греко инкорпорирал знаменитости како што се катедралата и Алказар кои биле позиционирани на начин каде што можел да ја создадл својата верзија на Толедо, „град на духот“. Толедо е највисоката точка што може да биде споена со небото, речиси како Ел Греко да ги користел ридовите како еден вид пиедестал. Се смета дека загадочната симболика на оваа слика би можела да се поврзе со мистицизмот што го внел градот во тој период[4].
Споредба со Поглед и план на Толедо
[уреди | уреди извор]Толедо во олуја и Поглед и план на Толедо како мотив го имаат истиот град но, со многу поинаков изглед и порака. „Толедо во олуја“ бил најпрво насликан. Сликарски, тоа е изведено со поживописно колористичко чувство помеѓу целото зелено и бело за да се направи контраст на темно синото и црното. Поглед и план на Толедо има многу потополи и земјени тонови. Тоа е, исто така, со воздушна перспектива во споредба со Толедо во олуја.[5].
Значење и влијание
[уреди | уреди извор]Ел Греко, во западното сликарство, внел мошне значајни, за тоа време револуционерни елемент-тоа се пред се: композицијата, линискиот систем но, најважно, специфичната перспектива. Многумина западни теоретичари, неговата специфична перспектива му ја препишувале на проблемите што Ел Греко ги имал спо видот. Всушност, Ел Греко, ја пренел византиската перспектива, која е обработена како специфичен и мошне значаен елемент во делото „Обратна перспектива“ од Павел Флоренски. Овој стилски елемент кај Ел Греко, ќе биде основата во модерното сликарство на Европа, неколку векови подоцна-кубизам, футуризам[6]..
Поврзано
[уреди | уреди извор]- 100 големи слики , серијал на BBC од 1980 година
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Vista de Toledo“. Архивирано од изворникот на 2021-12-14. Посетено на 2021-12-14.
- ↑ „Vista de Toledo“. Архивирано од изворникот на 2021-08-30. Посетено на 2021-12-14.
- ↑ Vista de Toledo
- ↑ Viaje a un cuadro: 'Vista de Toledo', El Greco
- ↑ El Greco · Vista de Toledo [мртва врска]
- ↑ VISTA DE TOLEDO, EL PODER EXPRESIVO DE EL GRECO
Научни статии и книги
[уреди | уреди извор]- Baetjer, Katharine. "El Greco." The Metropolitan Museum of Art Bulletin 39, no. 1 (1981): 1-48. Accessed October 5, 2020. doi:10.2307/3259011.
- BROWN, JONATHAN, and RICHARD L. KAGAN. "View of Toledo." Studies in the History of Art 11 (1982): 18-VII. Accessed October 5, 2020. http://www.jstor.org/stable/42617938.
- Casper, Andrew R. "Greeks Abroad: (as)signing Artistic Identity in Early Modern Europe." Renaissance Studies 28, no. 3 (2014): 356-76. Accessed November 18, 2020. http://www.jstor.org/stable/24424018.
- Christiansen, Keith (October 2004). "El Greco (1541-1614)". www.metmuseum.org. Retrieved 2020-11-18
- Davies, D. "The Influence of Neo-Platonism on El Greco", 20 etc. D. Davies, the Byzantine Legacy in the Art of El Greco, 425–445
- Krumrine, Mary Louise. "Color in El Greco." Arte Lombarda, Nuova Serie, no. 105/107 (2-4) (1993): 42-48. Accessed October 5, 2020. http://www.jstor.org/stable/43132606.
- LIEDTKE, WALTER. "Three Paintings by El Greco." Metropolitan Museum Journal 50 (2015): 12-41. Accessed October 5, 2020. https://www.jstor.org/stable/26455349.
- Turner, Nicholas. "A Proposal for El Greco as a Draftsman." Master Drawings 45, no. 3 (2007): 291-324. Accessed November 20, 2020. http://www.jstor.org/stable/20444515.