Повардарска епархија
| |
Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Велес | |
Основач | МПЦ |
Независност | |
Признавање | православие |
Поглавар | Агатангел |
Седиште | Велес |
Територија | Велес, Кавадарци, Неготино, Валандово, Богданци, Демир Капија, Гевгелија |
Власт | |
Јазик | македонски, старословенски |
Верници | |
Портал | http://www.povardarska-eparhija.org.mk |
Повардарската епархија — една од 15-те епрахии на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, која ја возглавува Неговото Вископреосвештенство митрополитот г. Агатангел. Повардарската епархија ги опфаќа градовите Велес, Кавадарци, Неготино, Валандово, Богданци, Демир Капија и Гевгелија.
Историја
[уреди | уреди извор]Територијата на Република Македонија по својата географска положба го зазема централниот дел на Балканскиот Полуостров и претставува една од главните крстосници на економско-политичките и културните врски меѓу Европа и Блискиот Исток. Преку нејзината територија, уште од најдалечното минато, биле пренесувани традициите на народите и на разните етнички групи кои под разни историски околности и влијанија трпеле најразлични промени. Тие, како доказ за своето постоење оставиле богати и видливи траги коишто денес се неми сведоци. Тоа пред сè се богатите археолошки наоѓалишта.
Градот Велес, благодарение на близината до местата каде светиот апостол Павле уште во V век ја разгласувал радосната вест за човековото спасение, е меѓу првите што чул за Господовата посета на Земјата. Затоа христијанството во овој дел на Македонија рано се појавило. Познато е дека до почетокот на IV век христијанството било жестоко прогонувано од страна на римската власт. Со Миланскиот едикт од 325 година христијанството било прогласено за официјална религија во Римското Царство. Како резултат на ова во Македонија се формирале повеќе христијански епископии како: Стобиската, Скупската, Баргалската и други. Со населувањето на Словените во Македонија, во средината на VI и почетокот на VII век, христијанството како религија било почитувано од староседелците. Со Брегалничката мисија на браќата Св. Кирил и Методиј, Македонските словени го прифатиле христијанството како своја религија. Зацврстувањето и целосното прифаќање на христијанството во Велес и Велешко се случило многу подоцна, односно во времето на прочуените охридски чудотворци Св. Климент и Св. Наум кон крајот на VIII и почетокот на IX век. Од тогаш почнува и изградбата на бројните Божји домови по целата земја.
Градот Велес кој постоел како град уште пред раѓањето на Христа, за време на целата своја бурна историја заедно со својата околина се развивал и опстојувал во разни временски прилики и неприлики како што се војни, земјотреси, пожари, студови и друго. Со бројните манастири и цркви Велес во Средниот век прилегал на мала Света Гора. Велес како Епископско седиште се спомнува уште во XII век. Со тоа се потврдува дека во него и неговата околина се одвивал и развивал буен духовен и културен живот.
Велес како архијерејско седиште
[уреди | уреди извор]Од досегашните познати историски податоци се дознава дека Велес имал свој епископ за време на Охридскиот архиепископ Хоматијан (1215 - 1234). Сепак до 1661 г. нема сигурни податоци за другите велешки епископи. Постојат повеќе причини зошто е тоа така: на прво место е влијанието на политичките околности, а потоа, се разбира и црковните состојби во Охридската архиепископија. Епископите често биле присилно сменувани, од кои некои биле само по една година. Но од втората половина на XVII век веќе се познати приличен број имиња на велешки епископи кои во продолжение ќе ги именуваме:
Најстар историски извор за антитурското раздвижување во Велес постои од крајот на XVI век. Бунтот бил предводен од страна на тогашниот Охридски архиепископ Варлаам, кој на Архиепископскиот престол дошол по смртта на Атанасиј I, познатиот организатор за кревање на општобалканско востание за чија реализација барал помош од европските држави. Архиепископот Варлаам по сè изгледа активно продолжил по стапките на својот претходник, но сето тоа било со краток век. Во 1598 год., бил фатен и погубен од јаничарите во Велес.
- Данаил се спомнува во 1641 и 1661 г., како поранешен велешки епископ.
- Јосиф од Зографскиот манастир се спомнува во месец април 1668 г., (во документот против еретикот Герасим) и во 1670 г., (од натписот на Орешкиот манастир во околината на Велес).
- Митрофан се спомнува на 12 мај 1677 г., како поранешен велешки епископ.
- Дионисиј се јавува во 1683 - 1684 г.
- Калиник учествувал во изборот на Охридскиот архиепископ Филотеј на 16 јули 1714 г.
- Макариј се спомнува во 1722 г.
- Давид умрел како велешки епископ во 1735 г.
- Данаил бил хиротонисан за велешки епископ на 26 јуни 1735 г. Исто така се спомнува и на 16 август 1735 г.
- Јосиф се јавува во периодот (1746 - 1753).
- Теодосиј се спомнува во 1759 г.
- Јосиф се спомнува во 1760 г.
- Епископот Игнатиј, грк од Лариса. Во 1797 г. бил поставен на повисок архијерејски чин - митрополит. Обиколувајќи ги сите манастири во својата епархија сè што нашол таму како стари книги, ги изгорел. Прост и неписмен, тој едвај знаел да се потпише. И како таков во велешката епархија владикувал 45 години. Умрел во длабока старост во Велес во 1841 г.
- Теоклит (1842-1847).
- Авксентиј I (1847-1855).
- Антим (1856-1866).
- Генадиј (1870-1872).
- Дамаскин (1872-1874).
- Методиј (1892-1894).
- Авксентиј II (1897-1907).
- Мелетиј (1907-1912).
Архиерејски намесништва
[уреди | уреди извор]- Кавадаречко архијерејско намесништво
- Велешко архијерејско намесништво
- Гевгелиско архијерејско намесништво
Седиште
[уреди | уреди извор]Епархиското седиште се наоѓа во Велес покрај реката Вардар во кој има и параклис „Св. Климент Охридски“[1], додека митрополитската резиденција зе наоѓа во велешката населба Отовица покрај езерото Младост во кој има параклис „Св. Серафим Саровски“.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|