Прејди на содржината

Планински предел со виножито

Од Википедија — слободната енциклопедија
Планински предел со виножито
германски: Gebirgslandschaft mit Regenbogen
Творец Каспар Давид Фридрих
Година 1809–10
Димензии 70 см × 102 см
Место Музеј Фолкванг, Есен

Планински предел со виножито (1809-10) (германски: Gebirgslandschaft mit Regenbogen) — маслоена слика од германскиот романтичар Каспар Давид Фридрих. Како и Кркониошкиот предел (1810), оваа слика е инспирирана од патувањата на Фридрих од 1809 година низ Германија и покрај бреговите на Балтичкото Море. [1] Набљудувањето на природата во неговите патувања му овозможило на Фридрих да состави предел кој е повеќе визионерски отколку буквален.[1]

Во преден план еден патник застанал да се одмори. Погледот го врти во позадина, каде што се отвора црна бездна. Во тие длабочини може да се видат неколку планини. Над пејзажот, виножито се создава на слабата светлина.[2]

Во опусот на Фридрих, вообичаени се сликите со остар контраст меѓу предниот план и позадината, одвојување што ги симболизира духовните и физичките рамнини на постоењето. Така е и во оваа слика: во преден план сонцето ги осветлува зеленилото и облеката на патникот, а наспроти тоа ноќната темнина го исполнува остатокот од сликата.[2] Спротивностите на денот и ноќта, на духот и материјата, се обединети со виножито, кое во извештајот од Битие за Ноевата арка го симболизира заветот помеѓу Бога и човештвото.[2]

  1. 1,0 1,1 P. F. R. Carrassat, Maestros de la pintura, Spes Editorial, S.L., 2005, p. 180. ISBN 84-8332-597-7
  2. 2,0 2,1 2,2 Barbara Eschenburg and Ingeborg Güssow, "El Romanticismo y el Realismo" in Los maestros de la pintura occidental, Taschen, 2005, p. 447, ISBN 3-8228-4744-5