Петар Гошев
Петар Гошев | |
---|---|
Пратеник во Собрание на Република Македонија | |
На должноста 1991 – 1994 | |
Претседател | Киро Глигоров |
Премиер | Никола Кљусев Бранко Црвенковски |
На должноста 1998 – 2002 | |
Претседател | Борис Трајковски |
Премиер | Љупчо Георгиевски |
Министер за финансии | |
На должноста 1 ноември 2002 – 7 ноември 2003 | |
Премиер | Бранко Црвенковски |
Претходник | Никола Груевски |
Наследник | Никола Поповски |
Гувернер на Народна Банка | |
На должноста 2004 – 2011 | |
Претходник | Љубе Трпески |
Наследник | Димитар Богов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 5 септември 1948 Пирава, НР Македонија, ФНРЈ |
Партија | СКМ (1984-1991) СДСМ (1991-1993) ДП (1993-1997) ЛДП (1997-денес) |
Установа | Економски факултет |
Народност | Македонец |
Петар Гошев (роден на 5 септември 1948 година во Пирава, Валандовско) — македонски политичар и поранешен гувернер на Народната банка на Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Петар Гошев дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1971 година, а во 1983 станал магистер по економски науки. Работел како економист во Фабриката за автобуси „11 Октомври“ Скопје. Бил економски советник во Синдикатот на Македонија, а извесен период и шеф на Кабинетот на претседателот на Синдикатот на Македонија.
Од 1984 до 1988 е член на Претседателството на ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија. Во 1989 бил избран за претседател на СКМ и на таа функција останал до 1991 година. Бил и шеф на делегацијата на Собранието на СРМ во Собранието на СФРЈ.
На Парламентарните избори во 1990 година, Гошев бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СКМ-ПДП. Поради несогласувања со новото раководство на СДСМ, Гошев во 1993 се отцепил од партијата и ја формирал Демократската партија. При тоа бил избран за нејзин претседател. Од 1997, со обединувањето на Демократската и Либералната партија, станал претседател на Либерално демократската партија. На Парламентарните избори во 1998 година бил повторно избиран за пратеник[1]. Претседател на ЛДП бил до 1999 година, кога поради неуспехот на партијата на Парламентарните избори во 1998 година, поднесол оставка.
По Парламентарните избори во 2002 година, во периодот од 1 ноември 2002 до 7 ноември 2003 година бил Министер за финансии на Република Македонија. На функцијата Гувернер на Народната банка на Македонија бил избран во 2004 година и на таа функција се задржал до 2011 година.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Собрание на Република Македонија
- ↑ „Петар Гошев именуван за гувернер“. Вест. 22 мај 2004. Посетено на 25 јануари 2021.
Претходник Љубе Трпески |
Министер за финансии 1 ноември 2002 - 7 ноември 2003 |
Наследник Никола Поповски |
Претходник Никола Груевски |
Гувернер на НБРМ 2004 - 2011 |
Наследник Димитар Богов |
|
- Родени во 1948 година
- Луѓе од Валандовско
- Македонски политичари
- Состав на Владата на Република Македонија од 2002
- Министри за финансии на Република Македонија
- Политичари од СДСМ
- Политичари од ЛДП
- Пирава
- Пратенички состав 1991-1994
- Пратенички состав 1998-2002
- Гувернери на НБРМ
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
- Вицепремиери на Македонија