Пајонија
Пајонија — древно кралство и област која се наоѓала на територијата на денешна источна Македонија. Се протегала источно од Велес, преку целата долина на реката Брегалница преку Овчеполието и Штип до Кочани и западните и северните падини на Плачковица и Осоговските Планини и потоа продолжувала сè до долината на реката Струма. Најбројно население биле стариот народ — Пајонци. За време на владеењето на македонскиот крал Филип II Македонски Пајонија била освоена и станала составен дел на Македонското кралство.
Скорешни археолошки истражувања ја востановиле положбата на најзначајниот пајонски град Билазора, во наоѓалиштето Градиште кај селото Кнежје во близина на Свети Николе каде се откриени влезната порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора.
Племиња
[уреди | уреди извор]Низ историјата следните племиња биле споменати како пајонски:
- Астраи[1]
- Агријани[2]
- Алмопијани[3]
- Девриони[1]
- Дерони[4]
- Добери[5]
- Лаијаи[2]
- Лори[1]
- Одоманти[6]
- Пајопли[7]
- Синти[1]
- Сиропајонци[7]
Кралска лоза
[уреди | уреди извор]Денес во науката се познати следните пајонски кралеви и членови на пајонската династија:
- Агис ? – (? – 359/8 г. п.н.е), крал.
- Авдолеон (315-286/5 г. п.н.е.)[8], крал.
- Бастареј околу 4 век п.н.е., крал.
- Диплај, (? - ?), крал, владетел
- Дропион (250 - 3 деценија на III век)[10], крал.
- Лангар (умрел 335 г.п.н.е.), крал.
- Леон Пајонски (278-250 г. п.н.е.)[10], крал.
- Ликеј (356-340 г. пр.н.е)[11], крал.
- Никарх, (? - ?) крал/ владетел.
- Патрај (340/335-315 г. п. н.е.),[12] крал
- Пирајхме (12 в.п.н.е.)
- Симон Пајонски (о. 350 п.н.е.), крал/ владетел.
- Теутај (о. 5/ 4 в.п.н.е. ?)
Историски развој и исчезнување на Пајонија
[уреди | уреди извор]За првпат овој народ се споменува во делото „Илијада“ на слепиот поет Хомер, каде што тој ги претставил како сојузници на Тројанците. Тој опеал дека овој народ живеел на територијата околу реката Аксиј (Вардар), речиси територијата на денешна Република Македонија, претежно источните делови. Во Пајонија влегувале Источна Македонија, реката Брегалница до Кочани, реката Струма, делови од Бугарија и Јужна Србија. Тие биле поделени на повеќе племиња: Лајаи, Агријани, Астрои и Иори.
Во VI век п.н.е Пајонија била воено моќна и ги напаѓала тракискиот брег и Пропонтида. Во тој период Пајонија имала голема територија, од југот на Србија до Егејско Море и од Пирин до Пелагонија. Но, по појавата на македонските кралеви моќта на Пајонија опаднала, таа го изгубила Солунско Поле и излегувањето на Егејско Море, како и денешна Западна Македонија. Војувале и со Персија, која по победата ги преселила Сиропајонците, Пајоплите и племињата околу Прасијадското Езеро на Мала Азија. Во времето на македонскиот крал Александар I (498-454 г. п.н.е) Пајонија ги изгубила градовите Мигдонија, Крестонија и Амфакситида, како и областите околу Пангеј (Кушница). Агис (? – 359/8 г. п.н.е) бил првиот пајонски владетел чие постоење е потврдено со историските извори. По неговата смрт во 359 г. п.н.е Филип II ја покорил Пајонија и наметнал вазални односи. И покрај формалната зависност на Пајонија од Македонија, на власт останала истата кралска куќа на чие чело стоел синот на Агис, Ликеј (о. 356-о. 340 г. п.н.е). Покрај историските податоци и епиграфски споменици, за Ликеј говорат и парите што биле емитувани во негово име. Син и наследник на Ликеј бил Патрај (340/335-315 г. п. н.е.), кој пак бил наследен од Авдолеон (315-286/5 г. п.н.е.). Авдолеон највеќе придонел пајонското кралство да се доближи до развиениот хеленски свет и културата на државите на Александровите дијадоси. Во 289 год п.н.е. тој ја снабдувал Атина со жито бидејќи Антигон Гонат го зазел нејзиното главно пристаниште, Пиреј. Легитимен наследник на Авдолеон бил Аристон (286-85 г. п.н.е.), но тој бил нападнат од Лизимах и побегнал во Дарданија.
По наездата на Келтите во почетокот на 3 век п.н.е. на пајонскиот престол дошол Леон (278-250 г. п.н.е.), веројатно вториот син на Авдолеон, кој пак бил наследен од синот Дропион (250 - 223 г. п.н.е.). Дропион е последниот пајонски крал, а воедно и основачот на пајонскиот којнон (сојуз). По неговата смрт просторот на Пајонија го презела Античка Македонија, под водство на кралот Филип V (221–179 п.н.е), а северниот дел и припаднал на Дарданија. Под водство на синот на Филип V, Персеј (179–168 п.н.е.) Македонија се соочила со експанзионизмот на Римската република. Ова резултирало со пораз на Македонија и распад на Македонското кралство, кое во 148 п.н.е. потпаднало под директна римска власт.
Литература
[уреди | уреди извор]- Елеонора Петрова: Paeonia in the 2nd and the 1st millennia BC. Editio Monumenta Macedoniae. 3, Skopje 1999.
- Grace H. Macurdy: Troy and Paeonia. With glimpses of ancient Balkan history and religion. New York, 1925
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Петрова, Елеонора (1999). Пајонија. Скопје.
- ↑ 2,0 2,1 Early symbolic systems for communication in Southeast Europe, Part 2 by Lolita Nikolova,ISBN 1-84171-334-1,2003,page 529,"eastern Paionians (Agrianians and Laeaeans)"
- ↑ The Landmark Thucydides: A Comprehensive Guide to the Peloponnesian War by Thucydides, Robert B. Strassler, Richard Crawley, and Victor Davis Hanson,1998,ISBN 0-684-82790-5,page 153,"... of them still live round Physcasb- and the Almopians from Almopia. ..
- ↑ The Cambridge ancient history The Cambridge Ancient History, Martin Percival Charlesworth, ISBN 0-521-85073-8, 978-0-521-85073-5 Volume 4, Persia, Greece and the Western Mediterranean, C. 525 to 479 B.C, John Boardman,page 252,"The Paeonians were the earlier owners of some of these mines, but after their defeat in the coastal sector they maintained their independence in the mainland and coined large denominations in the upper Strymon and the Upper Axius area in the names of the Laeaei and the Derrones"
- ↑ The Histories (Penguin Classics) by Herodotus, John M. Marincola, and Aubery de Selincourt,ISBN 0-14-044908-6,2003,page 452,"... Then he passed through the country of the Doberes and Paeoplae (Paeonian tribes living north of Pangaeum), and continued in a ..."
- ↑ An Inventory of Archaic and Classical Poleis: An Investigation Conducted by The Copenhagen Polis Centre for the Danish National Research Foundation by Mogens Herman Hansen and Thomas Heine Nielsen,2005,ISBN 0-19-814099-1,page 854,""... Various tribes have occupied this part of Thrace: Bisaltians (lower Strymon valley), Odomantes (the plain to the north of the Strymon) ...""
- ↑ 7,0 7,1 The Histories (Penguin Classics) by Herodotus, John M. Marincola, and Aubery de Selincourt,ISBN 0-14-044908-6,2003,page 315, "... was that a number of Paeonian tribes - the Siriopaeones, Paeoplae, ..."
- ↑ A Guide to the Principal Gold and Silver Coins of the Ancients: From Circ. B. C. 700 to a. D. 1. (1895) by British Museum Dept. of Coins and Medals, 2009,page 62: "... of Athena, facing. Bee. AYAnA EONTOZ. Horse. Wt. 193.4 grs. Patraus and his son Audoleon reigned over Paaonia between B.C. 340 ..."
- ↑ Polyaenus, Stratagems of War, 4.12.3,"Lysimachus conducted Ariston, son of Autoleon, to his father's kingdom in Paeonia; under pretence that the royal youth might be acknowledged by his subjects, and treated with due respect. But as soon as he had bathed in the royal baths in the river Arisbus, and they had set before him an elegant banquet, according to the custom of his country, Lysimachus ordered his guards to arm. Ariston instantly mounted his horse and escaped to the land of the Dardani; and Lysimachus was left in possession of Paeonia."
- ↑ 10,0 10,1 Pausanias, Description of Greece Phocis and Ozolian Locri,10.13.1,"A bronze head of the Paeonian bull called the bison was sent to Delphi by the Paeonian king Dropion, son of Leon".
- ↑ Catalogue of Greek Coins: Thessaly to Aetolia by Percy Gardner, 2004,Front Matter: "... present to the money of Philip II. of Macedon, and Lycceius and Audoleon, kings of Paeonia, that they must be given ..."
- ↑ Patraus's coin
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Пајонско племенско и кралско монетоковање
- Пајонски јазик
- Пајонци
- Пајонија (општина) — современа административна единица во Кукушко
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јакимовски, Антонио; Саракински, Војислав (2022). Пајонија и Пајонците. Извори, историја, археологија (PDF). Скопје: Филозофски факултет, УКИМ. ISBN 978-608-238-210-4.
- Пајонија - Статија во Encyclopædia Britannica
- Откриени остатоците од античкиот пајонски град Билазора Архивирано на 5 септември 2008 г.
- Пајонија и Пајонците
|