Прејди на содржината

Папа Јулиј III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Iulius III
Родено име Џовани Марија Чоки дел Монте
Папа од 7 февруари 1550
Папа до 23 март 1555
Претходник Папа Павле III
Наследник Папа Марцел II
Роден 10 септември 1487
Рим
Починал 23 март 1555
?
Други папи по име Јулиј (појаснување)

Јулиј III (лат. Iulius PP. III; 10 септември 1487 - 23 март 1555) — римски папа од 7 февруари 1550 до 23 март 1555[1]. Бил назнанчен за кардинал, а и за претседател на Тридентскиот собор од страна на папата Павле III. Почетокот на неговото папство не се одликувало со спроведување на реформи. Тој ја обновил традицијата за празнување на празниците и одржување на карневали во Рим. Ги назначил за кардинали, не само оние кои му биле роднини, туку и оние кои му служеле. Во 1551, сакал да го возобнови заседанието на Тридентскиот собор. Водел политика да го воведе католицизмот во Англија, но сето тоа завршило без успех. Во 1551, капелмајстор во папскиот двор станал композиторот Џовани Перлуиџи Палестрина (1525-1863), познат претставник од периодот на ренесансата.