Пагодит или агалматолит ― врста на пирофилит што го користат кинеските занаетчии за резби во пагоди и слични предмети.[1] Обично мек, а понекогаш и сапунест, може да има сивозелена или сивожолта боја.[2] Понекогаш се нарекува и како сапунски камен.[3] Мали пагодитски парчиња се користени како традиционални алатки за пишување во Јапонија.
↑Nicholas Belfield Dennys (2012) [first published 1867]. The Treaty Ports of China and Japan: A Complete Guide to the Open Ports of Those Countries, Together with Peking, Yedo, Hongkong and Macao. Cambridge University Press. стр. 278. ISBN978-1-108-04590-2. Excerpts available at Google Books.