Прејди на содржината

Осман I

Од Википедија — слободната енциклопедија
   Осман
Султан на
Османлиското Царство
Портрет на Осман I
Крунисување3 мај 1281 и 4 септември 1299
Роден1258
МестоСогут, Анадолија
Починал1326 (68 години)
МестоСогут, Анадолија
Сопружникyes
ПридружничкаРабија Бала Малхун Хатун
СемејствоОтоманска династија
ДинастијаОтоманска династија
ТаткоЕртугрул
Валиде султанХајме хатун

Осман I (1258 - 1326) бил основач на Отоманското Царство, првиот нејзин султан. Бил роден во 1258 година, ја добил титулата бег од својот татко Ертогрул како владетел на Согут во 1281 година кој град од страна на неговиот татко бил заземен во 1231 година и кој град станал негова престолнина.

Владеење

[уреди | уреди извор]
Империјата во времето на Осман I

Владеењето на Осман го означува официјалниот почеток на владеењето на династијата на Отоманците во Отоманското Царство, која постоела шест векови. Осман на чело дошол во 1281 година. Се оженил со ќерка на богатиот бег Омер од кој брак се родил наследникот Орхан I. Во тоа време биле регрутирани голем број на војници од исламскиот свет за да се борат против сè послабата Византија. Турското население во Анадолија значително се зголемило по доаѓањето на голем број на бегалци кои бегале од Монголската инвазија. Под негово раководство овие борци многу бргу се покажале како сериозна сила и темелите на новата империја биле многу бргу поставени.

Во 1284 година селџучкиот султан Алаедин III починал и како главни претенденти за неговата територија останале Осман и емирот на Караманија. Долгата и жестока борба меѓу потомците на Осман и Караманогулари започнала во текот на животот на Осман. Самиот Осман имал поголеми предности во однос на својот соперник главно поради неговата местоположба и блискоста со Византија.

Првите воени дејствија Осман ги презел против Византија. Во 1281 година станал бег на племето Каји, и како цел поставил да ги обедини сите туркиски народи во една држава. Териториите на Осман започнале да се прошируваат на сметка на Византија. Во исто време, Осман успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Во 1291 година ја зазел тврдината Кулача. Во 1299 година дошло до распаѓање на Селџучкото Царство и територијата во голема мера паднала под негова власт. Во 1300 година паднала тврдината Јенишехир. Реоните кои ги освоил биле управувани од страна на неговите синови и браќа. Така со Ескишехир управувал неговиот брат Ѓундуз, со Караџахисер Хасан, Инеѓул од Тургут. Подалечните територии биле управувани од страна на неговите команданти. На тој начин Осман ги направил своите поделени територии зависни едни од други. Кон почетокот на 14 век, Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини[1]. Во 1302 година била издвојувана голема победа во Битката кај Бафеј.

Алармирани од растечкото влијание на Осман, Византијците постепено започнале да ги напуштаат селата во Анадолија и своите воени ресурси ги насочиле кон морнарицата. Византиското раководство било решено да го спречи на Осман да премине во Европа и се очајнички се обидувало да ги држи силите на Осман на западната граница. Осман сепак продолжил со напредувањето и започнал со опсада на Ефес во Егејско Море[1]. Дополнително засилен од приливот на емигранти на негова територија, Осман исто така се преселил и кон исток каде слободно ги запленил византиските поседи во реонот околу Црно Море во Анадолија.

По паѓањето на Енишехир, започнала Опсадата на Бурса и Никеја[2]. Зазимањето на византиските територии продолжило и во 1306 година бил потпишан првиот воен договор на империјата со Византија. Во текот на овој период голем дел од населението на овие простори го примил исламот, а меѓу нив имало дури и византиски принцови како Косе Михаил на пример. Заедно со својата армија тој се присоединил кон силите на Осман и по тој начин неговите тврдини Ефке, Мезек и Акхисар преминале под управата на Осман.

Во 1320 година Осман се разболел и власта преминала во рацете на неговиот син Орхан Гази. Во негово време за првпат започнал да се собира данок од продадените стоки наречен тимар.

Гробот на Осман I
Разгледница со ликот на султан Осман Кан Гази I

Осман починал во 1326 година во Согут. Негов наследник станал неговиот син Орхан I. Посмртно ја добил титулата Гази, односно свет исламски војник од страна на своите наследници. Во времето кога новиот султан се качил на престолот, неговите поданици го благословиле со зборовите Да бидеш голем како Осман. Желбата на Осман била да почива во новата престолнина Бурса. Денеска неговиот мавзолеј (турбе) претставува голема атракција за туристите.

За разлика од неговиот татко пред него, Осман оставил на својот син независна држава. Неизвесно е дали ковањето на монети и изрекувањето на молитви во домот на Осман, знаците за независност, започнало во последните години од владеењето на Осман или во почетокот на владеењето на неговиот син[3]. Сепак, од времето на неговата смрт Осман создал независна држава која не била под влијание ниту на Византија ниту на Монголија. Препознавајќи ја слабоста на Византија, Осман своите напади ги насочил кон стекнување на територии на сметка на Византија.

Од клучно значење за опстанок на неговата држава било неговата способност да привлече војници кои биле во голема мера мотивирани да војуваат против христијанските неверници.

Тестамент

[уреди | уреди извор]
"Сине! Биди внимателен во врска со верските прашања пред сите други. Врз основа на верските прописи изгради силна држава. Религиозните прашање не ги препуштај на невнимателни, неискусни и грешни луѓе. И исто така не ја препуштај државната администрација на такви луѓе, зошто тие немаат страв од Алах и неможат да бидат лојални. Научниците, уметниците се моќта на државната структура. Однесувајте се кон нив со добрина и чест... Како главна цел постави си ги религиозните и политичките обврски. Земи поука од мене, кога дојдов на овие места како слаб водач и стигнав со божја помош до успехот. Не двоуми се да ги известиш и твоите следбеници на овој начин. Заштити се од инвазијата на непријателот и од неговата суровост а задоволи го народот и нивната војла[4]

Мечот на Осман

[уреди | уреди извор]

Мечот на Осман (турски: Taklide-Seif[5]) претставувакл важна реликва во земјата во времето кога биле крунисувани новите султани на Отоманското Царство[6]. Оваа традиција започнала уште во времето на воената кампања на Осман а била извршена од страна на неговиот шејк Едебали. Овој меч се наоѓа во гробниот комплекс во Ејуп, на Златниот Рог во Цариград.

Потомство

[уреди | уреди извор]

Во 1280, година се оженил со Рабија Бала Малхун Хатун, ќерка на шејкот Едебали.

  1. Орхан I
  2. Пазарли Бег
  3. Чобан Бег
  4. Хамид Бег
  5. Аледин Бег
  6. Мелик Бег
  7. Савчи Бег
  8. Фатима
  1. 1,0 1,1 The Fall of Constantinople 1453 by Steven Runciman, pg 32
  2. The Fall of Constantinople 1453 by Steven Runciman, pg. 33
  3. http://www.answers.com/topic/osman-i
  4. His testament
  5. M'Gregor, J. (1854). „The Race, Religions, and Government of the Ottoman Empire“. The Eclectic Magazine of Foreign Literature, Science, and Art. New York: Leavitt, Trow, & Co. 32: . 376. OCLC 6298914. Посетено на 2009-04-25.
  6. Hasluck 2007, pp. 604–622
Осман I
Роден(а): 1258 Починал(а): 1324
Владејачки титули
Претходник
Ертугрул
Водач на племето Каји
1281–1299
станал султан
Нова титула
султан на Отоманското Царство
1299–1324
Наследник
Орхан I