Османлиска инвазија на Ачех
|
Османлиската инвазија на Ачех се случила во 1565 година кога силите на Османлиското Царство се обидиле да го заземат односно поддржат султанот на Ачех во неговата војна против Португалија во Малака.[1][2]. Неформалниот сојуз помеѓу Ачех и Османлиите постоел уште од 1530 година.[3]. Султанот Алаудин ал-Кахар посакал нивните односи да се продлабочат главно поради португалското присуство во Малака, и поради проширување на своето влијание во Суматра[3].
Во 1562 година, Ачех добил османлиско засилување кое било доволно за да се освојат султанатите Ару и Џохор. Во 1564 година, во престолнината Цариград бил испратен амбасадор[3]. По смртта на Сулејман I, неговиот син и наследник Селим II наредил да се испрати флота кон Ачех[3]. Така биле испратени голем број на војници, нуниција и оружје[1]. Првата флота се состоела од 15 галии со артилерија, но истата морала да биде пренасочена кон востанието кое избувнало во Јемен[3][4]. Кон 1565 година пристигнале само два брода, но во следните месеци пристигнале и многу други[1]. Првата експедиција била предводена од страна на Куртоглу Хизир Рејс[5]. Ачех на Османлиите платил голема сума за донесените бисери и дијаманти. Во 1568 година Ачех ја нападнал Малака, но се смета дека Османлиите не учествувале во таа битка директно. Искуството во изработка на топови било пренесено на овие простори од Османлиите . Во следниот период биле направени неколку топови. Голем дел од тие топови биле запленети од страна на европските колонијалисти. Камбаните во неколку холандски цркви биле направени токму од запленетите топови на Османлиите .
Односите помеѓу Ачех и Османлиското Царство претставувале голема закана за Португалија која претходно ја имала наметнато монополската позиција на трговија во Индискиот Океан[5]. Во неколку наврати Португалија се обидувала да дејствува, но поради недостиг на работна сила честопати нејзините планови не се остварувале.
Кога Ачех бил нападнат од страна на Холандија во 1873 година, тие ги повикале Османлиите за поддршка поради претходниот договор кој го имале двете страни, но барањето било одбиено[6].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 The Cambridge History of Southeast Asia by Nicholas Tarling p.39
- ↑ Cambridge illustrated atlas, warfare: Renaissance to revolution, 1492-1792 by Jeremy Black p.16 [1]
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Islam in the Indonesian world: an account of institutional formation Azyumardi Azra p.169 ff [2]
- ↑ Medieval Islamic Civilization: An Encyclopedia Josef W. Meri p.465
- ↑ 5,0 5,1 A Splendid Exchange: How Trade Shaped the World William J. Bernstein p.191 ff
- ↑ The politics of anti-Westernism in Asia Cemil Aydin p.33