Прејди на содржината

Опосум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Опосум
Опосуми[1]
Американски опосум (Didelphis virginiana) на гранка
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Цицачи
Инфракласа: Торбари
Ред: Опосумолики
Gill, 1872
Семејство: Опосуми
Gray, 1821
Видови

108 видови во неколку рода

Опосуми (науч. Didelphidae) — семејство торбарско животно од класата на цицачите, сместено во свој ред на опосумоликите (Didelphimorphia). Најчесто се среќаваат во тропски шуми и дождовни шуми.

Најзастапени видови

[уреди | уреди извор]

Иако семејството брои доста видови, најзастапени меѓи нив се видовите:

Џуџест глувчевиден опосум

[уреди | уреди извор]

Должинат на овој опосум најчесто изнесува од околу 11 до 14,5 см. Опашката е долга од 13,5 до 21 см. Неговата маса изнесува од 15 до 45 г. Распространет е во северна, средна и јужна Америка.

Џуџест опосум

Бојата на овој опосум се движи од светложолта до сива на грбната страна. Крзното од стомачната страна е млечно бело, а на лицето има црна маска. Се храни со мали безрбетници, какви што се инсектите и пајаците, со мали ’рбетници, како гуштерите, со птичји јајца и со птици, како и со некои плодови. Брз е и способен за искачување, а дење се одмара во дупките на дрвјата, во стари птичји гнезда или замотани во гранчиња во крошните. Младенчињата престануваат да цицаат кога се постари од 60 до 80 дена

Воден опосум (јапок)

[уреди | уреди извор]

Должинат на овој опосум најчесто изнесува од околу 26 до 40 см; Опашката е долга од 31 до 43 см; Неговата маса изнесува од 550 до 800 г; Распространет е во јужно Мексико до средна и јужна Америка;

Воден опосум

Единствениот воден торбар има меко, густо и водотпорно крзно и долги прсти со пловни кожички и мажјаците и жените имаат торба со мускулес отвор, кој под вода може да се затвори. Се храни со риби, жаби и со сличен слатководен плен, којшто го фаќа со вештите предни прсти, кои се без канџи. Дење се одмара во дувлото на речниот брег, коешто го обложува со лисја.

Црнорамен опосум

[уреди | уреди извор]

Должинат на овој опосум најчесто изнесува од околу 21 до 26 см; Опашката е долга од 22 до 31 см; Неговата маса изнесува од 200 до 600 г; Распространет е во западна и јужна Америка;

Црнорамен опосум

Препознатлив е по широката црна риба што се протега од рамената до предните нозе. Ноќе во крошните бара плодови и ларви од инсекти. Има сива опашка, која што кон краевите преминува во бела боја, а од долната страна не е влакнеста. Бременоста трае од 13 до 14 дена, а женката коти 2 младенчиња.

Американски опосум

[уреди | уреди извор]

Должината на овој опосум најчесто изнесува од околу 33 до 50 см; Опашката е долга од 25 до 54 см; Неговата маса изнесува од 2 до 5,5 кг; Распространет е во западна, средна и источна Америка и Мексико

Американскиот опосум (наречен и северноамерикански опосум) е мошне приспособлив. Во човековите населби наоѓа засолниште - градејќи дувла помеѓу деловите од градежниот материјал или во ненаселените згради - и храна, копајќиво ѓубрето во потрага по одпадоци. Тој е вистински сештојад — неговата храна опфаќа: ларви, јајца, цвеќе, плодови и мрши, а напаѓа и живина и земјоделски насади. Американскиот опосум е најголемиот американски торбар. Активен е ноќе, вешто се искачува и добро плива, иако поголемиот дел од животот го поминува на копно. Не е територијален, но животните се избегнуваат меѓусебно, освен за време на парење.Женката во леглото може да има и до 18 младенчиња, но нема доволно брадавици за сите туку само за 13 од нив.Оние што ќе преживеат, цицаат 50 дена, а торбата ја напуштаат во период од 70 дена.

  • Американскиот опосум кога е во опасност се обидува да ги измами грабливците преправајќи се дека е мртов. Може да лежи неподвижно дури 6 часа.
  1. Gardner, A. (2005). Wilson, D.E.; Reeder, D.M. (уред.). Mammal Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference (3rd. изд.). Johns Hopkins University Press. стр. 3–18. ISBN 978-0-8018-8221-0. OCLC 62265494.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Енциклопедија „Животни“, стр. 92

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]