Онда
Онда | |||
---|---|---|---|
Општина и паланка | |||
Панорама на Толима | |||
| |||
Прекар(и): „Градот на мостовите“ | |||
Местоположба на општината/паланката Онда во департманот Толима. | |||
Држава | Колумбија | ||
Департман | Толима | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Алберто Арсе Камачо | ||
Површина | |||
• Вкупна | 309 км2 (119 ми2) | ||
Надм. вис. | 229 м | ||
Население (Попис 2018[1]) | |||
• Вкупно | 23.616 | ||
• Густина | 76/км2 (200/ми2) |
Онда (шпански: Honda) ― паланка и општина во департманот Толима во Колумбија. Населението во општината било 23,616 жители според пописот во 2018 година. Заедно со Либано, Онда е седиште на римокатоличката епархија во Либано-Онда. Главните индустрии на Онда се туризам, риболов и сточарство.
Топоними (потекло на името)
[уреди | уреди извор]Онда го носи своето име од Ондаимас, домородното население кое живеело на бреговите на реката Магдалена и регионот каде што лежи градот денес.
Онда се нарекува „Градот на мостовите“ со повеќе од 40 од мостовите на реките Магдалена, Гуали, Гуарино и Квебрада Сека. Исто така се нарекува „Град на мирот“ бидејќи го избегнал од најголемиот дел од насилството во 1950-тите.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Онда била основана на 24 август 1539 година од Франциско Нуњес Педросо. „Златното доба“ на градот било помеѓу 1850 и 1910 година кога реката Магдалена претставувала единствен пат за превоз помеѓу карипскиот брег и внатрешниот град Богота. Градот бил главно речно пристаниште на земјата и целата увезена стока и производи пристигале во Богота преку пристаништето Онда.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Censo Nacional de Población y Vivienda 2018“ (шпански). Посетено на 23 April 2020.
- ↑ „HONDA: "Ciudad de la Paz", "Ciudad de los Puentes"“ (шпански). Informativo Colombiano. Архивирано од изворникот на 2018-02-05. Посетено на 23 февруари 2021.