Одервиц
Одервиц | |
Традиционална куќа во Одервиц | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Герлиц |
Месни единици | 2 |
Градоначалник | Аделхајд Енгел |
Основни податоци | |
Површина | 35,92 км2 |
Надм. височина | 350 м |
Население | 4.855 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 135 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC 1/ 2) |
Рег. табл. | GR |
Пошт. бр. | 02791 |
Повик. бр. | 035842 |
Портал | www.oderwitz.de |
Местоположба на Одервиц во рамките на округот Герлиц | |
Координати | 50°57′32″N 14°43′7″E / 50.95889° СГШ; 14.71861° ИГД |
Одервиц (германски: Oderwitz; од словенскиот збор за плакнење) — саксонска општина во округот Герлиц, во Горна Лужица, Германија. Се наоѓа на југоисток од Саксонија, близу границата со Чешка. Се состои од два окрузи Оберодервиц и Нидеродервиц, во историската поделба позната е и местото Мителодервиц.
Култура и знаменитости
[уреди | уреди извор]Градби
[уреди | уреди извор]Одервиц некогаш бил познат по многуте ветерници, па дури и денес е познат како „село на ветерниците“. Денес се зачувани три ветерници, Birkmühle, Ветерница Нојман и Воденица Бернт. Две стари воденици, исто така се зачувани, Воденица Бернхарт и Долна воденица.
Како и во другите делови на Лужица, има многу фахверк-куќи - над 450 во селото. Ателјето на сликарот Макс Лангер може да се најде во Нидеродервиц.
Поради историската поделба и големината на селото, Одервиц има две цркви. Изградбата на црквата во Нидеродервиц започнала во 1719, а била осветена во 1726. Била изградена во барокен стил и со богато украсен олтар. Црквата во Оберодервиц била градена од 1816 до 1821 во класичен стил.
Споменици
[уреди | уреди извор]Кон крајот на Втората светска војна, од јануари 1945, во денешниот округ Нидеродервиц започнал да функционира подкамп на концентрациониот камп Грос-Розен, во кого затворениците Евреи главно биле користени како принудна работна сила. Пет од нив биле убиени во пролетта 1945 од луѓето на SS. За нив е подигнат споменик во гробиштата. Друг споменик во гробиштата е посветен на граѓаните од Одервиц, кој загинале во Француско-пруската војна.
Одервиц низ историјата повеќепати бил поплавуван, многупати со жртви. За жртвите од поплавите во 1880 бил изграден споменик во Нидеродервиц, близу реката Ландвасер. Исто така, мал споменик се наоѓа во близина на основното училиште Макс Лангер, посветен на сестрите Шол.
Во гробиштата на округот Оберодервиц, гробот на полскиот притвореник Михалина Војзијак, кој бил убиен во мај 1945, потсетува на тој настан. Комеморативната плоча за жртвата на Хитлер, Вили Неч, кај куќата Дорфштрасе 189 била отстранета по 1990.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
|
Оваа место во округот Герлиц статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |