Огист Маке
Огист Маке | |
---|---|
Auguste Maquet | |
Роден(а) | 13 септември 1813 |
Починал(а) | 8 јануари 1888 | (возр. 74)
Занимање | романописец |
Огист Маке (француски: Auguste Maquet; 13 септември 1813 Париз – 8 јануари 1888) — француски писател, познат по соработката со романописецот Александар Дима, на кој му помогнал да ги напише, меѓудругото, Грофот од Монте Кристо и Тројцата мускетари.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Маке е роден во Париз, во 1813. Бил образуван во средното училиште Карло Велики каде станал професор на 18 години. Иако учел за историчар, се свртил кон книжевноста и се зближил со книжевници како Теофил Готје и Жерар де Нервал.[2]
Преку Нервал, се запознал со веќе прославениот Дима во 1838. Маке му дал драма на Дима која ја усовршил и ја објавил во успешната претстава Батилда. Заедно почнале да пишуваат историски романи, така што Маке ги создавал ликовите и заплетот, а Дима додавал детали и дијалози. По молба и препорака од издавачите името на Маке било изоставувано од главната страна на книгите, а Маке бил добро платен за возврат. Нивната соработка прекинала во 1851.
Маке самиот продолжува да пишува неколку историски романи, драми и една опера. Во 1861, станува офицер на легијата на честа. Маке умира во големо богатство. Закопан е на гробиштата Пер Лашез во Париз.
Оваа статија за писател, поет или драматург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ghostwriter von Alexandre Dumas - Business And Science“ (германски). Посетено на 2016-09-23.
- ↑ Corinne Bayle, Gérard de Nerval, la marche à l'étoile, Éditions Champ Vallon, 2001, 19-20, ISBN 2876733307.