Нуруосманлиска џамија
Nuruosmaniye Camii | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Координати | 41°00′37″N 28°58′14″E / 41.010234°N 28.970540°E |
Припадност | ислам |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Мустафа Ага, Симон Калфа |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиска барокна архитектура |
Поставен темел | 1749 |
Завршен | 1755 |
Особености | |
Висина (најг.) | 43.50 м [1] |
Пречник на куполата (внат.) | 25 м [2] |
Минариња | 2 |
Висина на минарето | 60 м |
Нуруосманлиската џамија (турски: Nuruosmaniye Camii) — османлиска џамија која се наоѓа во реонот на Фатих во Истанбул, Турција.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Нуруосманлиската џамија се смета за еден од најдобрите примери на османлиската архитектура која била изградена во стил на барок. Џамијата се наоѓа во близина на Големата чаршија, Столбот на Константин и џамијата Атик Али Паша. Нејзини архитекти се Мустафа Ага и Симон Калфа.
Нејзината изградба започнала во времето на султанот Махмуд I во 1748 година а завршила во времето на неговиот брат и наследник Осман III во 1755 година. Архитектите при изградбата освен што користеле барокни елементи, тие исто така ја изоставиле и традиционалната фонтана (турски: шадирван).
Молитвената сала се состои од купола со пречник од 25 метри, има две минариња со две тераси. Висината на куполата е 43,50 метри од нивото на подот. Целиот комплекс (кулије) содржи турбе, медреса, имарет и библиотека со вкупно 7,600 тома од кои 5000 се ракописи.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- Nuruosmaniye Complex Архивирано на 7 мај 2008 г. at ArchNet.org
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- слики од џамијата Архивирано на 27 септември 2009 г.
„Нуруосманлиска џамија“ на Ризницата ? |
41°00′37″N 28°58′14″E / 41.010234°N 28.970540°E
|
|