Нов Кавказ
Нов Кавказ Νέος Καύκασος | |
---|---|
Координати: 40°53.45′N 21°28.30′E / 40.89083° СГШ; 21.47167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Долно Клештино |
Надм. вис. | 605 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 229 |
Час. појас | EET (UTC 2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC 3) |
Нов Кавказ (грчки: Νέος Καύκασος, Неос Кавкасос) — новоосновано доселеничко село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 229 жители (2011).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа 14 км североисточно од градот Лерин, на северниот крај на Леринското Поле, близу до границата со Р Македонија. Лежи на надморска височина од 605 м, а атарот му зафаќа 14 км2[2] Неколку стотини метри источно од селото минува Јелашка Река (Сакулева).
Историја
[уреди | уреди извор]Населбата е создадена во 1920-тите и населена со Грци доведени од Кавказ, како бегалци од градот Карс, денес во североисточна Турција. Се смета дека поставувањето на населбата толку блиску до границата било направено од чисто политички побуди, особено што сите околни села се населени исклучиво со Македонци.[2]
Во 1928 г. селото имало 604, а во 1940 г. населението се накачило на 856 жители. Како последица на Граѓанската војна бројот на жителите опаднал и продолжил да опаѓа со иселувањето на жителите во поголемите градски центри поради тешките услови за живеење и немањето на вода за пиење.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 856 | 565 | 478 | 353 | 348 | 334 | 412 | 229 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Долно Клештино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нов Кавказ, каде тоа е единствено населено место.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 165.
|