Новодвурски Округ (Мазовско Војводство)
Новодвурски Округ powiat nowodworski | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Местоположба во Мазовското Војводство | |||
Карта на општините во округот | |||
Земја | Полска | ||
Војводство | Мазовско | ||
Седиште | Нови Двур Мазовјецки | ||
Општини | |||
Површина | |||
• Вкупно | 695 км2 (268 ми2) | ||
Население (2016) | |||
• Вкупно | 79.024 | ||
• Густина | 114/км2 (300/ми2) | ||
• Градскo | 39.907 | ||
Рег. таб. | WND | ||
Мреж. место | Матична страница |
Новодвурски Округ (полски: powiat nowodworski) — округ во Мазовското Војводство, средна Полска. Настанал на 1 јануари 1999 г. како последица од законските измени на месната управа донесени претходната година. Седиште и најнаселено место е градот Нови Двур Мазовјецки, кој се наоѓа на 33 км северозападно од Варшава. Други поголеми населени места се Нашелск (21 км североисточно од Нови Двур М.) и Закрочим (5 км на запад од Нови Двур.
Во округот е сместен аеродромот „Варшава-Модлин“.
Во 2016 г. округот зафаќал површина од 695 км2 и имал 79.024 жители, од кои 39.907 (50,5 %) градско, а 39.117 (49,5 %) селско население.[1]
Соседни окрузи
[уреди | уреди извор]Новодвурскиот Округ се граничи со следниве окрузи: Пултускиот на североисток, Легионовскиот на исток, Западноваршавскиот на југ, Сохачевскиот на југозапад и Плоњскиот на северозапад.
Поделба
[уреди | уреди извор]Округот се дели на шест општини (една градска, две градско-селски и три селски). Тие се следниве:
Општина | Вид | Население (2006) |
Површина (км2) |
Седиште |
Закрочим | градско-селска | 6.277 | 71,4 | Закрочим |
Леонќин | селска | 5.092 | 158,8 | Леонќин |
Нашелск | градско-селска | 19.259 | 202,5 | Нашелск |
Нови Двур Мазовјецки | градска | 27.545 | 28,3 | — |
Помјехувек | селска | 8.820 | 102,3 | Броди-Парцеле |
Чоснув | селска | 8.743 | 128,3 | Чоснув |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Новодвурскиот Округ во броеви (31 декември 2016 г.) — Полска во броеви (полски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Новодвурски Округ (Мазовско Војводство) на Ризницата ?
- Матична страница на Новодвурскиот Округ (полски)
|