Ниутао
Ниутао Niutao | |
---|---|
Остров | |
Сателитска снимка на островот. | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Тувалу" does not existМестоположба во Тувалу | |
Координати: 06°06′30″S 177°20′29″E / 6.10833° ЈГШ; 177.34139° ИГД | |
Држава | Тувалу |
Население (2002) | |
• Вкупно | 663 |
Ниутао е остров во Тувалу и еден од окрузите во земјата. Ниутао според пописот од 2002 година имал население од 663 жители и главно село е Кулија.
Географија
[уреди | уреди извор]На островот има две мали езерца или бари. Поголемото езерце има три островчиња во него. На островот има две села, Кулија и Теава, а главно село е Кулија. Исто така, на Ниутао има училиште, манеапа, црква, пошта, три бунара, гробишта и болница. Околу островот има корален гребен кој го отежнува сообраќајот и трговијата.
Население
[уреди | уреди извор]Њутон (1967)[1] проценил во 19 век дека Ниутао има население од 450 жители. Покрај тоа, за островот се дале и следните проценки:
Муреј 1866 | Витми 1870 | Морзби 1872 | Гил 1872 | Попис 1963 |
---|---|---|---|---|
700 | 360 | 417 | 417 | 797 |
Неројатна надпроценка | 100 на други острови | |||
мисионер | мисионер | Капетан Морзби | мисионер |
Во 1949 островот бил пренаселен и дел од луѓето се преселиле на ненаселениот Ниулакита. Според пописот од 2002 година, на островот функционирале следните села: Кулија со 224 жители и Теава со 439 жители.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]На островот има мрежа на асфалтирани и неасфалтирани патишта. На островот нема железничка или аеродром.
Значајни личности
[уреди | уреди извор]- Тому Сионе, поранешен генерален гувернер на Тувалу и претседател на Собранието.
- Тавау Теи, премиер на Тувалу и Министер за природни ресурси.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ W.F. Newton, The Early Population of the Ellice Islands, 76(2) (1967) The Journal of the Polynesian Society, 197-204.