Прејди на содржината

Нико Крањчар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хрватска Нико Крањчар
Крањчар во дресот на Динамо Кијев
Лични податоци
Роден на 13 август 1984(1984-08-13)(40 г.)
Роден во Загреб, Хрватска
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Ренџерс Ренџерс
Број 19
Младинска кариера
Динамо Загреб Динамо Загреб
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2004 Динамо Загреб Динамо Загреб 84 (19)
2004-2006 Хајдук Сплит Хајдук Сплит 45 (12)
2006–2009 Портсмут Портсмут 83 (9)
2009-2012 Тотенхем Тотенхем 72 (11)
2012- Динамо Киев Динамо Киев 13 (4)
2013-2015КПР КПР 51 (4)
2016 Њујорк Космос 7 (1)
2016- Ренџерс Ренџерс 12 (1)
Репрезентација
2004-  Хрватска 81 (16)
* Ажурирано на: 17 јануари 2012
** Ажурирано на: 17 јануари 2012

Нико Крањчар (роден на 13 август 1984) — хрватски фудбалер кој игра како играч од средниот ред за англискиот Тотенхем и хрватската репрезентација.

Тој во својата татковина ги бранеше боите на двата најголеми тима, игра за Динамо Загреб пред да предизвика огромна контроверзност со тоа што се пресели во нивните жестоки соперници, екипата на Хајдук Сплит во 2005 година. Наскоро потоа следи трансфер во Англија во тимот на Портсмут во август 2006 година, и по неколку години поминати таму тој станува еден од нивните клучни играчи. Портсмут одлучи да го продаде на почетокот на сезоната 2009-10 во Премиер Лигата, отворајќи му го патот да се пресели во Тотенхем Хотспар во септември 2009 година, каде што тој ја обновува соработката со својот поранешен менаџер во Портсмут, Хари Реднап.

Поздравен како новиот Роберт Просинечки, на Крањчар му беше дадена шанса за негово деби во репрезентацијата, кога неговиот татко Златко беше на функцијата селектор. И така во средината на август 2004 година, тој дебитира во дресот на коцкестите во пријателски натпревар. Досега Крањчар собра 69 настапи и има постигнато 15 гола.

Крањчар го поминал своето детство во Австрија, кога неговиот татко Златко играше за Рапид Виена, со што се здобил и со австриски пасош, па така тој се број како ЕУ играч.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Рани години

[уреди | уреди извор]

Крањчар го поминал поголемиот дел од својата младост играјќи за ФК Динамо Загреб, а подоцна стана најмладиот капитен на тимот, за првпат некој играч, на возраст од 17 години. Тој, исто така стана еден од најмладите стрелци во Првата Хрватска Фудбалска лига, откако го постигна неговиот деби гол во лигата за Динамо на возраст од 16 пред да им помагне да освојат двојна круна: Хрватскиот куп и насловот во лигата во 2003 година, а потоа и уште еднаш Купот на Хрватска во следната сезона. Таквите способности му помагаат да стане миленик на навивачите, тој почнаа да прават споредба со француската фудбалска легенда Зинедин Зидан. Сепак, во почетокот на 2005 година, тој доживеа несогласување со раководството, што доведува до изненадувачки трансфер во најголемите соперници на Динамо, Хајдук Сплит. Тој сепак успеа да се фокусира на неговиот нов клуб и му помага да го освои насловот во Прва ХНЛ во својата прва сезона таму.

По Светското првенство 2006-тата, светскиот печат го поздрави за своите таленти, како и неколку клубови кој веднаш покажаа интерес за младата ѕвезда. Меѓу таквите клубови беа францускиот Рен и шпанскиот клуб Селта Виго. Во август 2006 година, Рен понуди 4,5 милиони за Крањчар, кој од Хајдук беа одбиени, велејќи дека тие чувствувале дека треба да добијат повеќе за играчот. Подоцна истиот ден, сепак, Крањчар се сели од Хрватска во англискиот Премиер лигаш Портсмут за пријавени 3,5 милиони фунти (или 5.200.000 €) на 31 август 2006 година.

Портсмут

[уреди | уреди извор]

Крањчар го направи своето деби во Премиер лигата за Портсмут на 1 октомври 2006 година, откако ги одигра сите 90 минути во нивниот пораз нагости од 2-1 од Тотенхем. Тој го постигна својот прв гол во Премиер Лигата на 31 март 2007 година против Фулам, давајќи му рана предност на Портсмут со 1-0 , во натпревар што на крајот заврши без победник 1-1. Тој направи вкупно 24 настапи и постигна два гола во својата прва сезона во Премиер Лигата. Следната сезона, тој одигра суштинска улога во Портсмут за големиот успех на клубот, освојувањето на ФА Купот каде Портсмут во финалето беше подобар од второлигашот Кардиф Сити со 1-0.

На почетокот на сезоната 2008-09, Монако, достави одлична понуда од £ 12.000.000, но таа беше одбиени од самиот Крањчар. На 12 февруари 2009 година, Портсмут се борат во Битката за опстанок, и Крањчар јавно ја искажал својата желба да се пресели во поголем клуб. Арсенал и Монако беа поврзувани како следни можни одредишта на хрватскиот репрезентативец, а исто така и менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, исто така, изрази интерес за потпишување со Крањчар како замена за долгорочно отсутниот Микел Артета. Во август, Крањчар изјави: "За сега останувам, но ние не го зајакнавме тимот како што сакавме . Тоа е причината зошто јас нема да потпишам нов договор. Ова ќе биде уште една сезона за мене и потоа јас си заминувам".

Тотенхем

[уреди | уреди извор]

На 1 септември 2009 година, Крањчар се приклучи на Тотенхем Хотспар од Портсмут откако двата клуба се договорија за трансфер од околу £ 2.500.000, иако реалната цена била непозната. Договорот беше завршен само неколку часа пред трансферниот прозорец да биде затворен и Крањчар потпиша четиригодишен договор. Подоцна беше објавено дека Евертон исто така испратил задоцнета понуда за Крањчар, но играчот решил да потпише за Тотенхем, и притоа наведува дека: "Евертон е исто така голем клуб, но, на крајот, традицијата и величината е на страната на Тотенхем и тоа направи разликата за мене. Јас исто така го знам менаџерот Хари Реднап, и играчите Лука Модриќ и Ведран Чорлука кој ми кажаа големи работи за клубот ", завршил Крањчар. Крањчар го направи своето деби за Тотенхем како замена во 3-1 поразот од Манчестер Јунајтед дома. На 26 септември 2009 година, Крањчар го направи својот деби старт во Премиер лигата за Тотенхем во растурањето на Барнли со 5-0. Тој го постигна својот прв гол за новиот клуб во Премиер лигата на гостувањето кај Болтон на 4 октомври 2009 година. На 22 ноември 2009 година, Крањчар одново беше меѓу стрелците за Тотенхем во победата од 9-1 дома над Виган Атлетик, во меч во кој Џермејн Дифо го изедначи рекордот од пет постигнати гола на еден натпревар. На 16 декември 2009 година, Крањчар ја погоди мрежата на Манчестер Сити двапати во победата дома од 3-0. На 20 март 2010 година, Крањчар го постигна победничкиот гол во 1-2 гостинската победа над Стоук Сити. Подоцна, Крањчар се соочува со тешкотии да биде избран во почетната постава, што се должи на огромниот напредок во играта на Герет Бејл, кој исто така игра на неговата позиција. Додека Бејл е надвор и е повреден, Тотенхем започна со Крањчар во два натпревари едноподруго и тој го постигна победничкиот погодок и во двете, против Болтон во 2-1 победата на Вајт Харт Лејн , и гостинската победа над Сандерленд во друга победа од 2-1. Во почетокот на сезоната 2011-12, Крањчар постигна погодок од 35 јарди за време на пред-сезонската пријателска средба, во која неговиот тим оствари победа од 5-3 против М.К. Донс.

Хрватска Динамо Загреб

[уреди | уреди извор]

Хрватска Хајдук Сплит

[уреди | уреди извор]

Англија Портсмут

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]